Удри по СДСМ макар и со тоалетна хартија!
Објавено во Рецензии
on 7 - 11 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: ЌЕ СЕ ПО**РАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети]
Недоличен коментаторски текст, полн со шпекулации, кој еднострано напаѓа и дискредитира една политичка партија. Згора на сè, се става во улога на предвидувач на крајниот исход на изборите.
Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ П**ЕРАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети
Датум и време на објавување: о2.11.2016, 20:13
Датум на рецензирање: 08.12.2015
Рецензент: Симона Атанасова
МАНИПУЛАТИВНА И НАВРЕДЛИВА ОБЈАВА
Манипулацијата, едностраноста и сензационализмот се главните одлики на овој текст, кој повеќепати ги прекршува принципите пропишани во Кодексот на новинари, особено членот 15, кој вели дека „новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката“ и дека „неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста“.
Во текстот се вели „по објавувањето на резултатите од анкетите“, но не е прецизно напишано на кои анкети се мисли и кои биле тие резултати. Во јавноста изминатиот период се појавија голем број анкети со драстични дискрепанции во резултатите. Така, не е јасно на кои анкети се повикува текстот.
Недоличниот однос на написот кон јавноста и кон читателската публика се забележува низ целото четиво, а сензационализмот почнува уште со самиот наслов, кој е поставен само за да ја манипулира јавноста.
Се употребуваат изрази како „ќе се ис***ерат од страв“, „за бришење на изборни солзи и мрсули“, нешто што не доликува на новинарски напис и е во целосна спротивност со новинарскиот Кодекс.
„Како наближуваат изборите, и како е сè поизвесен и неизбежен десеттиот, јубилеен пораз кој СДСМ ќе го доживее на 11-ти декември, стравот и паниката што владее во партијата на Заев, во сите места различно се рефлектира.
Некои пак, исчекувањето на поразот го користат поконструктивно и со време решиле да обезбедат доволно обемен материјал за бришење на трагите од стравот и соодветно да се спремат за плачот, тагата, солзите и мрсулите кои ќе бидат неминовен призор вечерта на 11-ти кон 12-ти декември кога ќе бидат соопштени резултатите“.
Написот на читателите им наметнува мислење дека поразот на СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори е неминовен, иако нема аргументирана експликација врз основа на која ја дава таквата прогноза.
Така како што е пишуван, овој материјал остава впечаток дека неговата идеја е да креира слика дека опозицијата е сигурен губитник на изборите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови