verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Преземен текст упропастен со вулгарен наслов

on 11 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

arsencho

 

[Рецензија: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка]

 

Направен е пристоен обид за известување за градска тема (иако, всушност, станува збор за пренесување текст од друг медиум), но насловот го дискредитира ваквиот обид со термини кои придонесуваат за лична дискредитација, зајакнувајки го сомнежот за политичка пристрасност.

 

dokazm-mk-arsencho-e-tezhok-lazhgo-i-lopov-bez-karakter-nishto-od-najavata-za-zatvoren-bazen-vo-kriva-palankaЛинк до оригиналниот наслов: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка

Датум и време на објавување: 10.11.2016

Датум на рецензија: 10.11.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

Употребата на термини како „лажго“ вообичаено се избегнува во професионални новинарски објави, бидејќи покажува непочитување на културата на израз. Во ретките случаи кога се пишува за „лажење“, потребни се конкретни и неоспорливи докази за ваквото тврдење, кое е дадено во насловот заедно со дополнителни навреди, како „тежок лопов без карактер“. Самиот наслов е тенденциозен, сеедно што за некого би бил соодветен за текстот, и отвора многу прашања кои не се одговорени.

Под насловот следува преземен текст, како што веќе напоменавме, но најбитното е што насловот е јасно насочен кон лична дискредитација и во комбинација со некомплетниот текст создава сомнежи за политичка пристрасност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести