verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Брутален обид за оцрнување неистомисленици

on 12 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir-za-tramp-i-sorosoidi

[Рецензија: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат]

 

Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи лепи етикети на луѓе, означувајќи ги како „соросоиди“, затоа што не им се допаднал изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Но, текстот не дава одговор зошто овие луѓе се „соросоиди“ и кој е критериумот за да се заработи таква етикета. Второ, тоа што ним не им се допаѓа кого граѓаните на САД избраа за претседател, не ги става автоматски во категоријата „соросоиди“.

 

trampЛинк до оригиналниот напис: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат

Датум и време на објавување: 09.11.2016, 22:25

Датум на рецензирање: 11.11.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

СЕЛЕКТИВНОСТ ВО „АРГУМЕНТИРАЊЕТО“

Текстот почнува со многу селективен и пристрасен избор на текстови кои на некој начин го оправдуваат и го фалат изборот на Трамп. Неизбалансираноста на текстот се гледа и во тоа што не се претставени текстовите, на пример, на водечки светски медиуми, кои објавија негативни анализи за изборот на Трамп за претседател. Притоа од изјавата на аналитичарот која е употребена во текстот, не може да се заклучи дека фокусот на Трамп ќе биде на внатрешнен план и нема да се меша во внатрешната политика на балканските земји. За американските интервенции надвор може да се даде широко толкување кое може да не ги вклучи балканските земји, чијашто внатрешна политика, според нишката што преовладува во текстот, треба да остане нечепната од страна на Американците. Или, со други зборови, текстот сака да прикаже дека Трамп ветува дека нема да се меша во внатрешната политика на балканските земји, што од оваа перспектива не може да се знае.

„Не може да се очекуваат драстични поместувања во политиката кон Балканот и конкретно кон Македонија, но верувам дека во наредниот период, доколку Трамп си остане на ветувањето дадено во текот на кампањата, неговата администрација повеќе ќе се фокусира на внатрешните проблеми во САД, а помалку кон интервенции надвор, вели Милосављевиќ“.

 

ДИРЕКТЕН НАПАД

Во текстот понатаму со имиња и со презимиња се издвоени личности кои се квалификувани како „соросоиди“ со „голем грев“ – не им се допаѓа изборот на Трамп за претседател. Овде се врши нивно етикетирање и омаловажување само затоа што напишале негативни статуси за изборот на Трамп. Секој има право да го изрази своето мислење, без притоа да биде ставен во некаква категорија на луѓе или, пак, да му се лепат етикети. Текстот не нуди одговори зошто посочените личности се „платеници на Сорос“ и дали тоа подразбира дека ако некој не се согласува со изборот на Трамп, автоматски е „соросоид“.

„Само платениците на Сорос во Македонија не можат да разберат. Од изборните резултати во САД незадоволен е новинарот Борјан Јовановски, кој поразот на Хилари го спореди со терористичкиот напад 09.11.2001 во кој загинаа над 3500 лица. За волја на вистината Хилари Клинтон е во предност со 200.000 гласови од Американците пред Доналд Трамп но нивниот систем на гласање со електори го даде победникот на изборите.И Бранко Героски удри по волјата на американските гласачи“.

Целиот текст е едностран и пристрасен. Единствен „извор“ за текстот е селектираниот избор на статуси на „Фејсбук“ на луѓе кои генерално важат за критичари на власта. Оттука, интенцијата е да се прикаже дека нивното мислење е погрешно. Противтеза на нивниот став се повторно пристрасно селектирани текстови од веб-страници од соседните држави, без да се земат предвид објавите на светски етаблираните медиуми, кои исто така објавија многу текстови за победата на Трамп.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни,

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести