verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фото-вест без вест

on 11 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-113-ekskluzive_-antaret-e-bdi-se-shihen-t_-http___www-sharri-info_2016_11_06_

 

Напис: Ексклузивно: Членовите на ДУИ видени како купуваат ѓевреци во една фурна (ФОТО)

Денеска, при доаѓањето на Али Ахмети во Тетово на Форумот на жените од ДУИ, видено е едно комби со знамиња на ДУИ пред пекарницата „Паштрику“, што го тера народот да помисли уште подлабоко за случајот на Абдилаќим Адеми што потрошил пари за бифтек, а сега јаде ѓеврек! Ова е малку смешно, но доаѓаме до заклучок со една изрека:„Некогаш бифтек, сега ѓеврек!“

Поконкретно, сликата зборува сама за себе.

 

[Рецензија – Ексклузивно: Членовите на ДУИ видени како купуваат ѓевреци во една фурна (ФОТО)]

Фото-веста е еден многу пријатен жанр, кој што преку слика известува за некое одредено прашање, што во повеќето случаи е невообичаено.  Изгледа како нешто многу лесно, но воопшто не е така. Дали сте ја слушнале изреката „Една слика, илјада зборови“?

Па, за да пренесе 1.000 зборови со една слика, фото-веста бара многу труд или, да бидеме поконкретни, треба да се фати еден момент кој не го виделе сите и не сите се информирани за тоа што се случило. Ако се обидете, ќе видите колку тешко е да се направи една фото-вест. Во меѓувреме, неколку портали во нашата земја, наоѓаат слики кои немаат никакво значење, дејство или, пак, ексклузивност и ги пласираат како фото-вести.

screenshot-123Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Членовите на ДУИ видени како купуваат ѓевреци во една фурна (ФОТО)

Датум и време на објавување: 06.11.2016

Датум на рецензирање: 08.11.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Насловот на оваа вест почнува со зборот „ексклузивно“. Ова е многу голем збор во новинарството и се употребува само во тие случаи кога нудиш нешто што го нема никој друг или ќе го има подоцна, но ти го имаш прв. На фотографијата на оваа вест гледаме едно комби со партиско знаме од ДУИ, коe застанало точно пред една пекарница. Значи, станува збор за два елементи што ја сочинуваат фотографијата, комбито и пекарницата.

За оваа фотографија е направен невиден опис од тие што ја објавиле фотографијата на порталот sharri.info. Земајќи ги како лајтмотив двата елементи што се спомнаа, тие измислиле една етида (мини-настан). Според толкувањето на фотографијата, за време на еден собир на ДУИ, едно комби застанало во една пекарница и ова потоа се поврзува со Абдилаќим Адеми, кој во јавноста се обвинува за злоупотреба на касата на Министерството за лични потреби.

И, како што тврди содржината, бидејќи сега членовите на овој политички субјект ги изеле парите и немаат веќе за еленски или телешки бифтеци, се вратиле кај ѓеврекот. На прв поглед, изгледа многу сладок како настан што може да го поттикне интересот на јавноста, но, сепак, содржината нема врска со жанрот на вестите, ниту со фото-вест. Ваквото толкување излегло целосно надвор од тоа што ни соопштува самата фотографија. Некој можеби ќе каже „е добро, де, можеби имаат право во ова толкување“. Да претпоставиме дека е така и, еве, да ја ставиме имагинацијата во употреба за да презентираме неколку сензационални наслови слични на ова што го содржи оваа вест:

14915685_1309950132351454_7861902296728400886_n„Скандалозно: Милитантите на ДИУ ја узурпираат фурната, гладни како волци“;

„Екслузивно: Абдилаќим Адеми сака да јаде и ѓеврек (ФОТО)“;

„Заборавете го бифтекот, сега Ќима едвај рани душа со ѓеврек“;

„ДУИ ги полни батериите за да има енергија за митингот на жените“;

„Дали се овие најгладните милитанти на ДУИ???“;

„Едно комби на ДУИ фатено во прекршок, се паркира пред една пекарница“;

„Аларм: Арамиите на ДУИ го крадат лебот на граѓаните“.

Сите овие измислени наслови изгледаат интересно и, секако, ќе донесат некое кликнување повеќе. Но, дали е во ред да си поигруваме со етичките и со професионалните правила, со вистината, со чувствата на нашите читатели? Зошто треба да им ја смрзнеме или да им заовриеме крвта на луѓето со некоја фотографија што не значи ништо?

Би било сосема поинаку доколку се видеа познатите фигури на оваа партија како купуваат во пекарницата. Би била оваа фотографија добар материјал за сензационалистичите рубрики, за некој коментар или сатира. Вака, имаме работа со една едноставна фотографија на еден мини-бус, кој изгледа тргнал на еден партиски собир. И, толку. Сосема е нејасно што е толку интересно тука за да се крева толку прашина.

Овие вести, патем, не служат за ништо. Луѓето ќе изгубат доверба во медиумот и потоа, дури и кога ќе има навистина точни вести, тие нема да му веруваат. Тоа е како приказната со овчарот што лажеше двапати дека волкот му го напаѓа трлото и кога третиот пат волкот дојде навистина, ниеден од селаните не стана да му помогне.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести