verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измисли си изјава и направи си вест!

on 10 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е едностран и неоснован бидејќи нема никаков извор и никаков доказ што би го поткрепил напишаното. Во овој напис имаме една непотврдена изјава, која има цел да ги спинува нештата и да ги убеди читателите дека во СДСМ имало некаков раскол и расправии поради пратеничките листи.

sugareski-do-zaev-ne-izneverivte-i-ne-ostavivte-na-cedilo-kurir-mkЛинк до оригиналниот напис: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!

Датум и време на објавување: 06.11.2016

Датум на рецензирање: 10.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

НАВОДНА ИЗЈАВА

Во првата реченица од текстот му се сугерира на читателот дека поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, отворено изразувал незадоволство од составот на пратеничките листи на опозицијата, имајќи предвид дека неговото име не се најде на нив.

„Досегашниот пратеник на СДСМ Горан Сугарески не го сокрива револтот по објавувањето на пратеничките листи на Зоран Заев“.

Подолу се пренесува наводна изјава на Сугарески, односно што тој му кажал на Заев, без притоа да се наведе изворот на ваквата информација.

„Претседателе, не изневеривте. Ги оставивте на цедило оние кои во 2014 ги убедуваа останатите да опстојат во битката и да не се вратат во Собранието како Грчева, Тупузовска и Буралиева. И самите знаете дека јас, Маријанчо Николов и Лидија Димова со денови молевме двајца колеги да не се вратат во Собранието. И сега тие колеги се уште се на листата а ние сме надвор. Срамота! – му се обратил Сугарески на Заев“.

Дали ова било така или не, останува непознато.

Не е побаран став ниту од Сугарески, иако тој јасно кажа дека концептот на листите е добар. Негова изјава имаше пренесено во  други медиуми, каде на прашањето зошто не е на листите, тој им вели на новинарите да се обратат кај раководството на партијата. Но, ваквата негова изјава случајно или намерно, ја нема во овој напис.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести