Насловот краси, насловот гнаси!
Објавено во Рецензии
on 11 - 11 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Благодарение на хаосот што го направи СДСМ, за Македонија условена препорака]
Каква бесмислена постапка: да накалемите наслов кој со ништо не произлегува од содржината на новинарскиот извештај, кој е, ралативно, коректен!?
За ова – „релативно“, малку подолу во рецензијата, а пред тоа уште малку за непотребната и неаргументирана поента во насловот. Така импутиран наслов, бидејќи нема ништо заедничко со информациите во извештајот е, вусшност, коментар. Силно изразено политичко мислење кое е во спротивност со стандардите за професионално и етичко работење препорачани во Кодексот на новинарите, поточно во членот 13:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Еден така изнесен коментар во насловот уште на почетокот создава искривена слика. Дури и тоа е предвидено во новинарскиот кодекс, во неговата преамбула, каде што во ставот 4 е прецизно наведено дека право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и – искривувањето на вестите.
Оваа медиумска содржина не го испочитувала тоа.
Линк до оригиналниот напис: Благодарение на хаосот што го направи СДСМ, за Македонија условена препорака
Датум и време на објавување: 08.11.2016, 13:38
Датум на рецензирање: 11.11.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ИСКРИВЕНА СЛИКА
Рековме дека, инаку, извештајот е „релативно“ коректен. Ова – „релатиивно“, е заради потклекнувањето пред искушението да не се интеграрираат коментари во извештај, и тоа во овој пасус од текстот:
„…со оглед на тоа што Јункеровиот тим е наречен „политичка Комисија”, токму извештаитe се очекува повеќе да бидат политички, а не базирани на систем на заслуги и исполнети реформи на земјите во однос на доближување на домашното до европското законодавство“.
Посебна приказна е и фотографијата. Таа, освен што го поддржува неаргументираниот наслов, во исто време е и манипулативна бидејќи и таа нема никаква врска со поентите од содржината на новинарскиот извештај.
Конечно, овие три недостатоци, насловот, коментарот и фотографијата, ја прават оваа медиумска содржина пристрасна, а членот 14 од Кодексот инсистира на тоа дека „известувањето од политичките процеси треба да биде непристрасно и избалансирано и дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
и точни и непроверливи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
во насловот
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови