verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Убава репортажа за Македонците на Малта

on 11 - 11 - 2016       

nova-makedonija

[Рецензија: Во Буџиба може и кафе да се нарача на македонски]

 

Текстот што е предмет на рецензија дава интересен приказ за животот на Македонците што работат во Малта. Во него се користат бројки, релевантни извори, изјави од луѓето што работат таму, така што тврдењата во него се поткрепени со факти. Освен светлата страна, текстот ги прикажува и проблемите со кои се соочуваат Македонците за добивање работна дозвола. Приказната е раскажана убаво и збогатена со соодветни податоци, а резултатот е информативен новинарски текст кој лесно се чита и е доста приемчив за пошироката публика. Истовремено, фрла светло врз реалниот проблем што Македонија го има, а тоа е иселување на младото работоспособно население, на кое Малта му е една од дестинациите во потрагата по подобар живот.

maltaЛинк до оригиналниот наслов: Во Буџиба може и кафе да се нарача на македонски

Датум и време на објавување: 17.10.2016

Датум на рецензија: 07.11.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

РЕЛЕВАТНИ ИЗВОРИ И БРОЈКИ

Написот почнува со податок за тоа колку Македонци работат на овој остров. Иако не станува збор за официјална бројка, сепак доаѓа од релевантен извор од заедницата на Македонци во Малта. На овој начин е поткрепено изнесено тврдење дека овој остров во последните години е сè попривлечна дестинација за работа за нашите млади. Од друга страна, претставува и своевидно „оправдување“ зошто токму Малта е избрана како тема за овој напис.

„Околу 5.000-6.000 Македонци престојуваат на Малта на привремена работа, а нивниот број достигнува и до 10.000 налето, велат, според неофицијална проценка, од заедницата „Македонци во Малта“. Овој медитерански остров во последниве години е сѐ попривлечна дестинација за нашите сограѓани што заминуваат да си ја пробаат среќата надвор од границите на Македонија“.

Понатаму во текстот се пишува за најчестите професии што нашите ги работат таму и низ лични примери се раскажува за животот на островот. Изјавите во новинарските текстови се важен сегмент бидејќи се потврда на изнесените тврдења и даваат посебна тежина на напишаното. Во исто време, преку примерите се прикажува и реалниот проблем кој Македонија го има со иселувањето на младите, кои во текстот се осврнуваат и на причините зошто си заминуваат:

„Македонија ја напуштив бидејќи се разочарав од функционирањето на институциите. Наидов на многу неправди, не можев да си ги валоризирам трудот и дипломите, па решив да си ја побарам среќата надвор од мојата држава. Некаде каде што те ценат поради тоа што си, што го знаеш и по она со кое придонесуваш за фирмата, а не по тоа од каде доаѓаш, кој стои зад тебе, кого го познаваш, чиј симпатизер си ако воопшто симпатизираш некого. За правник е многу поразително да работи во држава каде што нема владеење на правото. Едноставно ме фати инает да докажам дека може да се успее и без валкани игри, со труд и со чист образ – вели Магдалена“.

 

ПРИКАЗ НА РЕАЛЕН ПРОБЛЕМ

Текстот, исто така, се осврнува и на проблемот кој реално го имаат сите македонски државјани што сакаат да работат во друга држава, а тоа се регулираниот престој и дозвола за работа. Написот што го рецензираме нуди повеќе информации за тоа како ова прашање е регулирано во Малта. Во детали е објаснет начинот на кој Македонците кои се таму го регулираат престојот, што може да биде добра информација за читател кој можеби планира да работи во таа држава.

„Малта има комплициран систем за добивање дозвола за престој, односно работна дозвола, а државјанство е речиси невозможно да се добие ако сте странец. Магдалена, упатена од пријателите што веќе биле преселени таму, нашла работа уште пред да тргне од Скопје.- Како граѓани на земја што не е членка на ЕУ, имаме право да се задржиме таму 90 во 180 дена, односно може да престојуваме три месеци легално, па потоа мора да се вратиме на три месеци во Македонија, за да добиеме право на нови три месеци“.

Материјалот што го рецензираме претставува добар пример за новинарски текст кој третира прашање за иселување на младите. Текстот е поткрепен со бројки, изјави и со извори, ја дава приказната од сите агли и нуди реална слика за младите Македонци кои последниве години заминаа да работат на Малта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести