Рецензии

Вест или загатка?

на 25. 07. 2016 | | sq

Напис: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат по казина

Тој беше еден од најголемите противници на протестот на 9 мај организиран од Опозицискиот совет. Бидејќи на 9 мај немаше среќа, затоа што на протести излегоа 30.000 Албанци, овој советник на ДУИ (во една висока државна институција) решил да ја проба среќата во казино. Овие фотографии од него во казино ги испратил еден читател на весникот „Лајм“. Засега нема да го откриеме идентитетот на овој функционер, но само ќе истакнеме дека неговото име е исто како и името на една издавачка куќа во Скопје, додека презимето му е исто како и името на еден многу познат вид сирење. [Рецензија: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат

Сечена и лепена креација од „супермаркетот“ социјални мрежи

на 25. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“] Уште еднаш, по којзнае кој пат: Социјалните мрежи не се самопослуга, па да се влезе, да се земе што се сака и потоа од тоа да се прави новинарска приказна. Извори, извори, извори… Изворите се елементарна основа. Фундамент. Оттаму доаѓаат новините, вестите, професионално изработените содржини. Влегување во супермаркетот наречен „социјални мрежи“ и собирање статуси и потоа врз изборот, за кој нема никакво објаснување за критериумите врз кои е направен, се креира медиумска содржина, која публиката треба да ја проголта како релевантна(?!). Секој добро упатен читател, како и во овој случај со оглед на фактот дека предлогот за рецензија на оваа медиумска приказна доаѓа од читателка

Генералите на НАТО „шокирани“ од компјутерска анимација

на 22. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Генералите на НАТО шокирани: Еве што Русија долго крие од очите на светската јавност! (Видео)]

    Понудениот материјал, во најмала рака, е нешто како од вицевите за тоа што сакал малиот Ѓокица. Компјутерска видеосимулација е претставена како некакво си руско тајно оружје. Ајде што презентираното изгледа смешно, туку наводно од виденото се исплашиле и НАТО-генералите. Несериозност која се граничи со глупост.   Линк до оригиналниот напис: Генералите на НАТО шокирани: Еве што Русија долго крие од очите на светската јавност! (Видео) Датум и време на објавување: 17.07.2016 Датум на рецензирање: 20.07.2016 Рецензент: Владимир Мирчески     ПРАЗНА КОМПЈУТЕРСКА ФАНТАЗИЈА Човек да не знае што да каже кога ќе види како нечија компјутерска фантазија, сон од виртуелната реалност,

Не се знае за што, ама СДСМ е виновен

на 22. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик]

  Тој што се надеваше дека по договорот на четирите партии ќе се смират страстите, дури и во медиумите, се излажал. Тоа се покажа нецели 48 часа откако претставниците на партиите насмеани излегоа од Клуб на пратеници и соопштија дека се направени „крупни чекори“ во подобрување во сферата на медиумите. Но, не испадна така. На дело со овој текст се виде веднаш дека нема да функционира сѐ така мазнo.     Линк до оригиналниот напис: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик Датум и време на објавување: 22.07.2016, 11:29 Датум на рецензирање: 22.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев

Фикција што не е интересна, а ниту логична

на 22. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: СЕ ФИНАНСИРА ЛИ СДСМ СО ПАРИ ОД ТЕРОРИСТИТЕ: Оливер Спасовски земал пари од терористите кои влегле кај Липково?!]

  Веќе подолго време се шетаме по дното на она што треба да е новинарство, а низ овој пример што го рецензираме само докажуваме дека немаме веќе ниту „монтирани, лепени и сечени“ вести, туку дека имаме комплетен „фикшн“, значи „литература“ која е целосно измислена сторија, само што наместо искреирани имиња на јунаците, имаме конкретни ликови од стварноста, обично политичката. Немате ниту еден факт кој се извлекува од реалниот живот и се става во хронолошки или логичен ред, туку се прави сторија која, дури и како таква, производ на некаква фантазија, просто не е интересна, а ниту логична! Како наместо

Многу шпекулации за ширење пропаганда

на 22. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати?]

    Ова е еден шпекулативен и спинерски текст, за кој од авион се гледа дека е политички мотивиран, бидејќи во многу делови наликува на партиско соопштение.     Линк до оригиналниот напис: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати? Датум и време на објавување: 20.07.2016, 10.14 Датум на рецензирање: 22.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   ПОЧЕТОК СО СПИН Спинот е содржан уште во самиот наслов на текстот, односно најавена е тезата во која се убедува читателот подолу во текстот. А тоа е дека опозицискиот СДСМ се подготвува за непризнавање на изборните резултати. „Така беше и вчера

Кој го „влече за уши“ непрофесионалното новинарство?

на 22. 07. 2016 | | sq

Напис: Американската дипломатија „ги влече за уши“ Али Ахмети и ДУИ?!

Помошник секретарот на САД, Викторија Нуланд, пред неколку денови престојуваше во Скопје, каде што оствари средби со граѓанскиот сектор, интелектуалците и со лидерите на парламентарните партии. Како што се зборува во разни кулоари, американската дипломатија веќе почнала сериозно да ги опоменува Али Ахмети и ДУИ поради разните криминални афери, корупцијата и убиствата по партиските разграноци, дел од кои беа прикажани во прислушуваните разговори обелоденети од македонската опозиција. Овој очај на Ахмети се одрази и во фотографијата со г-ѓа Нуланд што ја објави на Фејсбук – тоа е фотографија направена пред неколку години, а не од завчерашната средба, каква што имаше објавено Мендух Тачи, дури и разните коментари кажуваат дека

Ексклузивна шпекулација

на 22. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!]

Под превезот на ексклузива, на јавноста ѝсе нуди напис кој нема ама баш никаква ексклузивност, туку е чиста шпекулација. Во текстот се тврди дека информацијата што им се пласира на читателите е сигурно точна, иако нема ни трага ни глас од изворите ниту, пак, е посочено од каде доаѓаат.     Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!
Датум и време на објавување: 15.07.2016
Датум на рецензирање: 22.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова   „СИГУРНО“ Е ДЕКА НЕ СЕ НАВЕДЕНИ ИЗВОРИТЕ „Аболицијата на 56 темина од листата осомничени од СЈО за злоупотреби на службената должност и изборни измами од опозициските

Објективноста и фактите запоставени заради предумислата

на 22. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Еве зошто  Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, де факто е против неговата партија и лидерот Али Ахмети. Како што се знае, седиштето на ДУИ се наоѓа во Мала Речица, а Невзат Бејта забранил отпадот од ова седиште да се фрла во депонијата Русино, регионалната депонија. Тој пред неколку денови нагласи дека „не остава ниедна општина да фрла тука отпад“ и посочи дека решение треба да најде „Владата, Министерството за екологија или кој било што е одговорен за тоа“. „Гостивар е нашиот град, доколку и вие се согласувате да ја завршиме оваа работа, гостиварците нека продолжат, а другите да се

Стара фотографија и спин

на 21. 07. 2016 | |

[Рецензија: УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски им организирал „гага“ екскурзии на соросоидите со полицискиот хеликоптер!]

  Класичен школски пример за спинување, етикетирање и за коментирање за да се прикаже поинаква реалност  без да се понудат релевантни докази. Со една реченица кажано, „плукање“ со лажни податоци. Линк до оригиналниот напис: УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски им организирал „гага“ екскурзии на соросоидите со полицискиот хеликоптер!  Датум и време на објавување: 19.07. 2016 Датум на рецензирање: 20. 07. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

НЕВИСТИНИТА ИНФОРМАЦИЈА

Уште од насловот може да се насети дека текстот ќе биде сензационалистички и коментаторски, а тоа се потврдува и со првиот пасус, во кој прво воопшто не се дава информацијата за која се однесува