verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сечена и лепена креација од „супермаркетот“ социјални мрежи

on 25 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

telegraf 1

[Рецензија: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“]

Уште еднаш, по којзнае кој пат: Социјалните мрежи не се самопослуга, па да се влезе, да се земе што се сака и потоа од тоа да се прави новинарска приказна.

Извори, извори, извори… Изворите се елементарна основа. Фундамент. Оттаму доаѓаат новините, вестите, професионално изработените содржини.

Влегување во супермаркетот наречен „социјални мрежи“ и собирање статуси и потоа врз изборот, за кој нема никакво објаснување за критериумите врз кои е направен, се креира медиумска содржина, која публиката треба да ја проголта како релевантна(?!).

Секој добро упатен читател, како и во овој случај со оглед на фактот дека предлогот за рецензија на оваа медиумска приказна доаѓа од читателка на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“, ќе се запраша: Каде е е тука релевантноста на селектираните информации? Дали е можно врз основа на еден, два, (колку и да се) фејсбук-статуси да се „монтира“ содржина за едно толку важно прашање? Со кои аргументи може да нè убеди некој дека изборот на овие два (нека бидат и три), лични ставови на случајно избрани личности, го оддава ставот на цело едно комплексно граѓанско движење?!?

Изворите мора да се автентични. Овој случај уште повеќе зачудува кога секој добро упатен професионалец во медиумите знае дека граѓанското движење „Шарена револуција“ веќе одамна има воспоставено механизми за информирање на јавноста и тоа токму преку социјалните мрежи.

07222016-Telegraf-SharenaЛинк до оригиналниот напис: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“

Датум и време на објавување: 21.7.2016, 12:15

Датум на рецензирање: 22.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

МАЛИЦИОЗНОСТ

Граѓанското движење „Шарена револуција“, истиот ден кога е објавена медиумската содржина, го објави својот став во врска со постигнатиот политички договор, што само потврдува дека до релевантен извор – може да се дојде.

Но, медиумската содржина што ја рецензираме, ја оддаваат повеќе елементи што ја прават пристрасна и еднострана. Првиот и најважниот – изборот на изворите – веќе го елабориравме на почетокот бидејки е најдрастичен.

Следниот елемент може да бидат коментаторските фрази, интегрирани во текстот, што ја откриваат малициозноста. Уште во насловот – зборот „стрвни“. За да се искаже едно такво екстремно и категорично мислење, тоа мора да дојде како последица на претходно добро изнесени аргументи и докази или како заклучок од искази на авторитетни и стручни познавачи како извори.

Тоа во овој текст го нема. Тоа го прави несеопфатен, а во таква ситуација, таа оценка е малициозен коментар искажан од потписникот на овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести