verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој го „влече за уши“ непрофесионалното новинарство?

on 22 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Aktpres za Ahmeti i Amerikancite

Напис: Американската дипломатија „ги влече за уши“ Али Ахмети и ДУИ?!

Помошник секретарот на САД, Викторија Нуланд, пред неколку денови престојуваше во Скопје, каде што оствари средби со граѓанскиот сектор, интелектуалците и со лидерите на парламентарните партии. Како што се зборува во разни кулоари, американската дипломатија веќе почнала сериозно да ги опоменува Али Ахмети и ДУИ поради разните криминални афери, корупцијата и убиствата по партиските разграноци, дел од кои беа прикажани во прислушуваните разговори обелоденети од македонската опозиција. Овој очај на Ахмети се одрази и во фотографијата со г-ѓа Нуланд што ја објави на Фејсбук – тоа е фотографија направена пред неколку години, а не од завчерашната средба, каква што имаше објавено Мендух Тачи, дури и разните коментари кажуваат дека Али Ахмети можеби ќе стане дел од американската црна листа, како што е Мендух Тачи.

[Рецензија: „Американската дипломатија „ги влече за уши“ Али Ахмети и ДУИ?!“]

Шпекулациите не претставуваат вест бидејќи природата на веста е фактичка, за да биде убедлива. Читателот забележува кога на една вест ѝ недостига основа и кога тврдењата се нестабилни. Затоа, непотврдените информации треба да се третираат со резерва.

Aktpress - Diplomacia amerikane ia terheq veshet Ali Ahmetit dhe BDI-se 1Линк до оригиналниот напис: „Американската дипломатија „го влече за уши“ Али Ахмети и ДУИ?!”

Датум на објавување: 13.07.2016

Датум на рецензирање: 17.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Информациите треба да се атрибуираат директно, бидејќи некој треба да сноси одговорност за кажаниот збор и за неговата вистинитост. Не е доволно само да реферираме на изворот, односно изворите со „како што се вели во разни кулоари…“. Во текстот се зборува за криминални, корупциски афери и убиства во разграноците на оваа партија, ДУИ, но тоа се прави површно и со карактеристики како да се работи за многупати потврдена и консумирана информација. Други детали не се даваат. Со ова, тие наводи се земаат како обвиненија кон еден политички субјект, но не е прикажан и ставот на обвинетиот.

„Како што се зборува во разни кулоари, американската дипломатија веќе почнала сериозно да ги опоменува Али Ахмети и ДУИ, поради разните криминални афери, корупцијата и убиствата по партиските разграноци, дел од кои беа прикажани во прислушуваните разговори обелоденети од македонската опозиција.“

Важно е читателот да го дознае и ставот на ДУИ. Со тоа, текстот ќе беше балансиран и ќе немаше едностраност.

„… разните коментари кажуваат дека Али Ахмети можеби ќе стане дел од американската црна листа, како што е Мендух Тачи“.

Обичен коментатор кој пишува под објавена фотографија на социјалните мрежи има многу малку или воопшто нема шанси да знае кој е следниот што ќе стане дел од американската црна листа, па затоа не претставува релевантен извор.

Грешката станува уште поголема кога содржината се повикува на „неколку разни коментари“ за едно толку важно прашање. Доколку сакаше да го избегне овој пристап и да се покаже професионалност, во текстот требаше да бидат присутни и потврда или став од дипломатското претставништво на САД во земјава.

Овие се основните начела на новинарската професија и се јасни начела во Етичкиот кодекс:

„Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

повеќе извори

ниедна релевантна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести