verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ексклузивна шпекулација

on 22 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Dokaz za Protuger i preplasenosta

 

 

[Рецензија: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!]

Под превезот на ексклузива, на јавноста ѝсе нуди напис кој нема ама баш никаква ексклузивност, туку е чиста шпекулација.

Во текстот се тврди дека информацијата што им се пласира на читателите е сигурно точна, иако нема ни трага ни глас од изворите ниту, пак, е посочено од каде доаѓаат.

 

 

Доказ.Мк Ексклузивно Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроилЛинк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!
Датум и време на објавување: 15.07.2016
Датум на рецензирање: 22.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

„СИГУРНО“ Е ДЕКА НЕ СЕ НАВЕДЕНИ ИЗВОРИТЕ

„Аболицијата на 56 темина од листата осомничени од СЈО за злоупотреби на службената должност и изборни измами од опозициските бомби според сигурни избори на Доказ ја наредил екс премиерот Груевски неможејки да го гледа престрашениот Мартин Протуѓер. Идејата да се спречи да одговараат ја дал лично Мартин кој по бомбите и психички се растроил од страв од евентуални казни за тоа што правеле“.

За да се даде тежина, написот неосновано го користи терминот „од сигурни извори“, но не му дава на чителот никаква потврда дека тие извори се навистина сигурни и дека не се целосна измислица со скриена цел.

Освен што се тврди дека Протуѓер бил „престрашен“, написот тврди дека тој барал и телохранители кои би го обезбедувале, па дури и дека барал медицинска помош.
Нема никаква потврда дека ова е вистина. Доколку Протуѓер навистина побарал медицинска помош, овде недостигаат потврди и изјави, па дури и неофицијални и анонимни, од медицинската установа и од лекарите од кои тој побарал помош.

 

ДРУГАТА СТРАНА ЈА НЕМА

Како и во секој шпекулативен текст, и овде недостига изјава и потврда од засегнатата страна, во случајов Мартин Протуѓер. Доколку, пак, медиумот се обидел да воспостави контакт со Протуѓер за да добие потврда за напишаното, но не успеал, тоа требало да биде соодветно истакнато во текстот.

Ова четиво го прекршува членот 1 од Кодексот на новинари кој вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести