verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Многу шпекулации за ширење пропаганда

on 22 - 07 - 2016       

 

Telegraf - napad na SDSM

 

[Рецензија: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати?]

 

 

Ова е еден шпекулативен и спинерски текст, за кој од авион се гледа дека е политички мотивиран, бидејќи во многу делови наликува на партиско соопштение.

 

 

СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултатиЛинк до оригиналниот напис: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати?

Датум и време на објавување: 20.07.2016, 10.14

Датум на рецензирање: 22.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПОЧЕТОК СО СПИН

Спинот е содржан уште во самиот наслов на текстот, односно најавена е тезата во која се убедува читателот подолу во текстот. А тоа е дека опозицискиот СДСМ се подготвува за непризнавање на изборните резултати.

„Така беше и вчера кога ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека договор е можен доколку СДСМ ги прифати разумните барања. Тие, пред сѐ, се однесуваат на тоа министрите од СДСМ во техничката влада да немаат неограничени можности во кадровската политика“.

Се напаѓа СДСМ дека не ги прифаќа барањата на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се нагласува дека биле разумни. Но, не е објаснето како и зошто тие барања се разумни и за кого се разумни? Тука се прави убедување на читателот дека она што го нуди власта и што таа смета дека е добро, тоа е добро за сите! Нема став од СДСМ по ова прашање. Друг проблем е што нема официјални изјави, туку најверојатно станува збор за анонимни извори и за своеволни толкувања.

„Со одбивањето, СДСМ свесно покажува дека ќе загуби на изборите и сака да купи дополнително време до формирањето на новата влада“.

Овој дел од текстот е коментар кој има цел да шири политичка пропаганда и да ја поддржи погоре изнесената теза.

 

А ЗОШТО РЕЗУЛТАТИТЕ НЕ БЕА ПРИЗНАЕНИ?

„Во партиските кругови сè почесто се коментира дека е можно СДСМ повторно да подготвува сценарио на непризнавање на резултатите како што беше случај за изборите во 2014 година. Во таков случај се надеваат и на поддршка од амбасадорите, па затоа е потребно министерот да биде од нивните редови“.

Како шлаг на тортата, неприфаќањето на барањата на власта од страна на СДСМ се поврзува со сценариото од изборите во 2014 година, кога најголемата опозициска партија не ги прифати и на ги призна изборните резултати. Но, никаде не е спомнато дека СДСМ не ги призна изборите бидејќи се сомневаше и обвинуваше за тежок изборен криминал, што подоцна го докажуваше преку таканаречените „бомби“.

Целиот текст е неверодостоен, прво затоа што нема никакви извори, а второ, бидејќи во него нема став од СДСМ. Понатаму, текстот е коментаторски и спинерски и има само една цел – ширење на политичка пропаганда.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести