Рецензии

Макси-злобно

на 28. 07. 2016 | |

 

[Рецензија: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема да се пријави, и дека СДСМ може слободно да ја избрише!]

Оваа медиумска содржина е типичен пример како од една објава на личен профил на социјална мрежа, може да се добијат драгоцени информации од кои може да се направи одлична новинарска приказна. Но, наместо тоа, пред нас е содржина која или не го препознала тоа (што е најверојатно) или тргнала со мотивација да деградира и да навреди една личност, само поради тоа што некој смета дека политичките противници задолжително треба медиумски да се расчеречуваат без разлика на разумните аргументи што тој противник ги изнесува. Линк до оригиналниот напис: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема

Текст за една употреба

на 28. 07. 2016 | |

[Рецензија: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ]

  „Луѓето ќе веруваат во она во што медиумите им кажуваат да веруваат“ – Џорџ Орвел. Читајќи го внимателно текстот што е предмет на рецензија, не можеме да ја исклучиме веројатноста дека постојат и луѓе што можат да поверуваат на содржината што е објавена под сензационалистичкиот наслов. Се работи за манипулација со онаа публика која лесно наседнува на приказните за чудотворци, бајачки и за исцелители, па и на ваков текст за магии. Линк до оригиналниот напис: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ Датум и време на објавување: 19.07.2016 Датум на рецензирање: 27.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

МАГИИ, БАЈАЧКИ, ГАТАЧКИ

Во медиумите неретко се среќаваат вакви

Извитоперена слика

на 27. 07. 2016 | |

[Рецензија: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми]

  Медиумите наклонети на владејачката партија секоја вест што е поврзана со изборите можат да ја извртат до тој степен што таа не само нема да има допирна точка со вистината, туку нема да има никаква врска со професионалното новинарството. Таков е и овој текст, кој речиси во сите пасуси спинува, со што дава извитоперена слика за темата што ја обработува. Линк на оригиналниот напис: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми Датум и време на објавување: 22.07.2016, 16:13 Датум на рецензирање: 26.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОИ НОВИНАРИ СЕ ЧУДАТ?

„Фантомската математика на Заев и Шеќеринска доживеа

Сеење страв со „Големиот брат“

на 27. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Со колку „црни“ пари се финансира СДСМ?]

  Во 2011 година одредени медиуми пуштија приказна дека Комерцијална банка го финансира СДСМ. Таа приказна не беше воопшто наивна и кај обичниот читател или гледач може да создаде многу погрешни слики за тоа како функционира банкарскиот систем во земјата, а особено да влијае на угледот на една од најголемите комерцијални банки кај нас. Денес 90 отсто од објавените стари текстови на таа тема се избришани или не можат да се отворат (најдат), што  говори дека некој, можеби, се плашел да не одговара за изнесените невистини. Истата приказна беше демантирана уште тогаш, но се чини дека по пет години и во пресрет на најавени избори таа може да му направи штети

Двојни аршини – плаче за власта, ликува за опозицијата!

на 27. 07. 2016 | |

[Рецензија: Соросовите медиуми објавуваат информации од истрагата, а Катица Јанева не гледа проблем во тоа што протекуваат доверливи податоци од СЈО]

  Оцрнувачки текст, пишуван како по некој учебник. Ги содржи безмалку сите антиелементи на еден веродостоен медиумски производ. Има шпекулации, непоткрепено „расфрлање“ со тези, отсуство на реални извори, пристрасност, обележување други медиуми како опозициски и соросидни… Би кажале дека овој напис не е ништо ново во актуелната ситуација.  Линк до оригиналниот напис: Соросовите медиуми објавуваат информации од истрагата, а Катица Јанева не гледа проблем во тоа што протекуваат доверливи податоци од СЈО  Датум и време на објавување: 21.07.2016 12:30  Датум на рецензирање: 25.07.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 ЈА БРАНИ ВЛАСТА, ГИ НАПАЃА МЕДИУМИТЕ

Интересна аргументација – кога висок функционер

Пристрасноста не го поддржува новинарството, туку го става во редовите на пропагандата

на 27. 07. 2016 | | sq

Напис: Ахмети не му дава поддршка на Ердоган, застанува на страната на Ѓулен

Во врска со обидот за државен удар во Турција реагирале сите лидери Aлбанци во Косово и во Албанија, a загриженост изразиле и поголемите светски сили, но наводно овој настан го „пропуштила“ албанската партија на власт во Македонија, односно нејзиниот лидер Али Ахмети. И претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, го поддржа претседателот Ердоган во овие настани, но немало ниту една реакција ни од ДУИ, ни од нејзиниот лидер, што предизвикува сомнеж во вистинитоста на обвиненијата што се упатуваат на адреса на партијата, чие име во последно време почна да се римува/поврзува со Русија. Или, можеби ДУИ е на страна на пучистите, односно „ѓуленистите“. /Сакте.нет/ [Рецензија: „Ахмети не му

Сензационален наслов, неточно информирање

на 26. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Пржинскиот договор неуспешен, почнуваат преговорите за нов договор

Денеска во 13 часот во резиденцијата на aмериканскиот aмбасадор, Џес Бејли, претставниците на политичките парии ќе се обидат да го решат и единственото спорно прашање, ингеренциите на министерот за внатрешни работи во техничката влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите. Синоќа по разговорите во резиденцијата на Бејли во Водно, претставниците на партиите не дадоа изјави. Амбасадорот изјави дека има интересна идеја и се надева дека ќе постигнат договор до крајот на неделата. „Не можам да кажам дека сме постигнале договор, но можам да ви кажам дека имаме една интересна идеја на маса“, изјави Бејли. Тој не образложи

Шпекулација од почеток до крај

на 26. 07. 2016 | |

[Рецензија: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!]

    Овој текст е шпекулација од почеток  до крај. Во него како извор се користи наводен разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“, но таквиот извор е неверодостоен. Написот е политички пропаганден и има цел да ја нападне заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Линк на оригиналниот напис: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп! Датум и време на објавување: 21.07.2016 Датум на рецензирање: 26.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ШПЕКУЛАЦИИ, КОМЕНТАРИ, КВАЛИФИКАЦИИ

Уште на самиот почеток од тексот имаме коментари и квалификации, како и шпекулации. „По катастрофалниот договор кој го „издејствува“ Шеќеринска за СДСМ, тензиите помеѓу членството постојано

Новинарите и чувството за политички моментум

на 26. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Уставниот суд доби дозвола да одлучи за Kатица Јанева]   Има еден момент во текстот што го рецензираме кој оддава непринципиелност кога станува збор за аргументирана одбрана на неговата основна теза, а тоа е – да се оспори правната основаност на одлуката од последниот политички договор кој треба да го откочи заглавениот процес инициран со Договорот од Пржино од минатата година. Еве го тој, за нас, непринципиелен момент: „Имено, не е сеедно дали станува збор за закон со кој се уредува урбанистички проблем и закон врз основа на кој може да се преземе кривично гонење со мерка притвор одредена во текот на истрагата и со можност за затворска казна за тешки кривични дела“. Кога станува збор за функционирањето на

Подгответе се – „в петок“ почнува викендот!

на 25. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок]

  Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, пак, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Можеби текстот, кога ќе го видите насловот, ќе ви биде атрактивен за читање, но ако помислите дека има уште нешто интересно во него, ќе се излажете.     Линк до оригиналниот напис: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок Датум и време на објавување: 23.07.2016 Датум на рецензирање: 25.07.2016