verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Макси-злобно

on 28 - 07 - 2016       

07272016-Infomax-Najcevska

 

[Рецензија: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема да се пријави, и дека СДСМ може слободно да ја избрише!]

Оваа медиумска содржина е типичен пример како од една објава на личен профил на социјална мрежа, може да се добијат драгоцени информации од кои може да се направи одлична новинарска приказна.

Но, наместо тоа, пред нас е содржина која или не го препознала тоа (што е најверојатно) или тргнала со мотивација да деградира и да навреди една личност, само поради тоа што некој смета дека политичките противници задолжително треба медиумски да се расчеречуваат без разлика на разумните аргументи што тој противник ги изнесува.

07272016 Infomax NajcevskaЛинк до оригиналниот напис: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема да се пријави, и дека СДСМ може слободно да ја избрише!

Датум и време на објавување: 26.07.2016

Датум на рецензирање: 27.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НАМЕСТО СТОРИЈА ЗА ДИК, „РАСЧЕРЕЧУВАЊЕ“ НА ПРОФЕСОРКАТА

Имено, наместо да бидат искористени информациите што на профилот на социјалната мрежа ги објавува Најчевска со кои до апсурден степен на непрофесионализам и неодговорност ја илустрира работата на Државната изборна комисија (ДИК), медиумската содржина што ја рецензираме послужила само како алатка за политичка пресметка со неа.

Во овој текст, во кој ниту еднаш не се идентификува Најчевска дека е угледна универзитетска професорка по политичко-правни науки и експерт за човекови права со меѓународно реноме, нема ниту збор за тоа дека таа, преку својата објава на „Фејсбук“, понудила аргументи низ нејзиниот личен пример за нестручната работа на ДИК.

Таа наведува дека и покрај тоа што 35 години е на иста адреса, дека исто толку години гласа на едно исто место, дека 35 години од таа адреса се нејзините даночни пријави… значи, во сите сипсоци и листи што ги вкрстуваше ДИК за да го прочисти избирачкиот список, таа е сè уште на списокот со „фантомски“, односно, за ДИК, неидентификувани гласачи, и покрај тоа што професорката веќе еднаш реагираше на овој факт кога оваа листа беше првпат објавена.

Значи, од една серија факти за добра новинарска сторија за работата на ДИК, многу поважно било да се нападне професорката.

 

МАНИПУЛАТИВНА ФОТОГРАФИЈА

Во прилог на оваа наша констатација оди и изборот на фотографијата, која е апсолутно надвор од контекст, со намера да биде манипулативна.

Освен сето тоа, регистрираме и невистина во насловот. Најчевска никаде во нејзиниот фејсбук-статус не издвојува дека „СДСМ може да ја избрише“, туку дека пораката за тоа што мисли за ДИК, ја испраќа до сите нејзини членови – без исклучок по која било основа.

Посветеноста и принципиелноста на д-р Мирјана Најчевска на рецензентите и на соработниците на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“ им е многу добро позната, бидејќи и таа е еден од најревносните автори во овој проект. Токму затоа нашата реакција на оваа медиумска содржина е со чиста совест – ако некој ни забележи за конфликт на интереси, бидејќи наш интерес е одбраната на доброто новинарство во согласност со методологијата на „Сервисот“, а овој текст не е добро новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести