verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Двојни аршини – плаче за власта, ликува за опозицијата!

on 27 - 07 - 2016       

republika

[Рецензија: Соросовите медиуми објавуваат информации од истрагата, а Катица Јанева не гледа проблем во тоа што протекуваат доверливи податоци од СЈО]

 

Оцрнувачки текст, пишуван како по некој учебник. Ги содржи безмалку сите антиелементи на еден веродостоен медиумски производ. Има шпекулации, непоткрепено „расфрлање“ со тези, отсуство на реални извори, пристрасност, обележување други медиуми како опозициски и соросидни… Би кажале дека овој напис не е ништо ново во актуелната ситуација.

 1111Линк до оригиналниот напис: Соросовите медиуми објавуваат информации од истрагата, а Катица Јанева не гледа проблем во тоа што протекуваат доверливи податоци од СЈО

 Датум и време на објавување: 21.07.2016 12:30

 Датум на рецензирање: 25.07.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ЈА БРАНИ ВЛАСТА, ГИ НАПАЃА МЕДИУМИТЕ

Интересна аргументација – кога висок функционер на владејачката партија е повикан пред обвинител, а таму го чекаат медиуми, тогаш тоа е политичка местенка и „протекување доверливи податоци од СЈО“. Искрено оваа теза „не држи вода“, зашто објавување фотографија од конкретниот случај на битолскиот градоначалник осомничен за злоупотреба на илјадници евра, во никој случај не е нешто непрофесионално или неморално за кој било новинар. Слика на политичар, независно од која партија, кој можеби ја оштетил државата, како оди пред обвинител, пред сè, e вест. Исто, како што беше вест неколкукратното појавување на лидерот на опозицијата пред обвинителството. Тогаш никој не велеше дека станува збор „протекување доверливи податоци“ како што сега се тврди. Причината за ваквиот пристап, според прикажаното, е само поради фактот дека Владимир Талески е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во недостиг на материјални докази против битолскиот градоначалник Владимир Талевски го поддржува спектакуларното политичко злоупотребување на работата на СЈО со кое се оцрнуваат високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста вчера коментираше дека проценката на СЈО и СДСМ е дека во недостиг на никакви материјални докази против Талевски, треба максимално да се искористи моментот и барем медиумски да се поентира преку негово оцрнување од страна на новинарите кои се на платни списоци на СДСМ – Сорос“.

Ова е само плус показател за двојните аршини и за пристрасноста на материјалот – плаче кога е власта во прашање, а ликува ако е тоа некој од опозицијата. Неприфатливо. Апсолутно не се успеало да се задоволи членот 14 од Кодексот на новинари кој вели дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

СПИНЕРСКА НОТА

Значи, текстот е исклучително лабав зашто не успева да го образложи и да го одбрани тврдењето за политички мотивиран случај. Никаде не може да се забележат јасни и недосмислени докази што би ги поткрепиле сериозните обвинувања што написот ги испорачува на адреса на СЈО, опозицијата, но и медиуми. Едноставно, нема реални извори за тие силни зборови.

„Соросовите медиуми објавуваат информации од истрагата, а Катица Јанева не гледа проблем во тоа што протекуваат доверливи податоци од СЈО“.

Дури и информациите што се побарани и добиени од СЈО во овој случај се злоупотребени, дадена им е спинерска нота, иако од тоа што е напишано, јасно е дека оваа институција го објаснила случајот и проценката дека не станува збор за штета за истрагата, туку за информирање на јавноста. Иако СЈО одговорило, сепак се инсистирало на материјал кој како да сака самоиницијативно со глава да удира во ѕид наспроти фактичката ситуација, која вели дека станува збор за истражна постапка и дека податоците, вклучувајќи го повикувањето на битолскиот градоначалник во СЈО, не се предмет на тајна, туку се информација од јавен интерес.

Сè на сè, конструиран е материјал кој се урива од сопствената тежина на неаргументираност, пристрасност и на шпекулации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести