Рецензии

Неетички е да се објави фотографија на загинати во сообраќајка

на 5. 08. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО]

Не е преголем грев ако понекогаш во рубриките каде се пласираат полевтерни вести (забава, живот…) се протнат и написи обоени со сензационализам. Но, недозволиво е да се прави сензационализам од семејни трагедии и тоа на насловните страници или во „посериозните“ рубрики (црна хроника). А, токму таков е текстот што е пред нас, кој известува за сообраќајката кај Удово во која животот го загуби брачен пар од Скопје. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО Датум и време на објавување: 04.08.2016 Датум на рецензирање: 05.08.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЈ Е ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ДА СЕ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈАТА?

Неетички и

Егзалтација поради „спонтаното“ исвиркување на Заев

на 5. 08. 2016 | |

[Рецензии: НОВО ВИДЕО ОД ИСВИРКУВАЊЕТО НА ЗАЕВ: „Да ти е**м жената“, „П**ер“, „Гнида“, „Кодош“ и уште многу сочни пцовки!]

  Исвиркување, еве, да кажеме и дека било спонтано, искористено како рекламен материјал за власта. Докажување, преку текст кој треба, а кој не треба да се појави на Мечкин камен на Илинден, зачинето со коментари и пристап на исклучивост. Врв на сè е употребата – пренесувањето на „сочни пцовки“ од присутните. Кога сè ќе се собере и извага, излегува дека станува збор за медиумски прозивод кој сериозно излегува од рамките на прифатливото.  Линк до оригиналниот напис: НОВО ВИДЕО ОД ИСВИРКУВАЊЕТО НА ЗАЕВ: „Да ти е**м жената“, „П**ер“, „Гнида“, „Кодош“ и уште многу сочни пцовки!  Датум и време на објавување: 04.08.2016 Датум

Наслов за мамење читатели

на 4. 08. 2016 | | sq

 

   

Напис: Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата

Министрите и зaменците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас. Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа. Ахмети неколкупати се појави во јавноста со неговата мајка Хума. Еднаш се појавија одејќи заедно на гласање. [Рецензија: „Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата“] До каде ќе одат медиумите и новинарите со нивните целосно „аут“ наслови само за да ги привлечат читателите?! Секако дека ова прашање паѓа на ум

Личните статуси на „Фејсбук“ на функционерите не се официјални ставови на институциите!

на 4. 08. 2016 | | sq

Напис: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група

Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и тој не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите. Според заменик-министерот Нухиу, припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судницата, при што овој транспорт и се снима. Поради ова и поради сите жалби, заменик-министерот на полицијата Агим Нухиу изразил целосна готовност да соработува со Народниот правобранител и со другите државни институции. Следува неговата целосна објава на „Фејсбук“:
За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за

Политичка промоција од медиум до партиска веб-страница или обратно?

на 4. 08. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново]

  Кратко и јасно – имаме пропагандна информација придружена со серија фотографии, дел од кои се употребени на официјалната веб-страница на владејачката партија. Јасно се согледува политичката пристрасност. Со оваа содржина медиумот се ставил во улога на партиски портпарол, објавувајки информација за активности на партиски лидер, а не на државен функционер, што води до претпоставката дека јавниот интерес не бил на прво место при составувањето на оваа фото-вест.   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново Датум и време на објавување: 02.08.2016 Датум на рецензирање: 03.08.2016 Рецензент: Александар

Празнично „плукање“ по опозицијата

на 4. 08. 2016 | |

[Рецензија: Иронијата на СДСМ: Ги сквернавеа Илинденците, а денес лицемерно им се поклонуваат]

Текстот е целосен спин, од почеток до крај, креиран со единствена цел – да  ѝ  наштети на опозициската партија.  Притоа се прави врска со големиот национален празник Илинден, па злоупотребувајќи ги чувствата на народот, социјалдемократите се обвинуваат за антимакедонство. Линк до оригиналниот напис: Иронијата на СДСМ: Ги сквернавеа Илинденците, а денес лицемерно им се поклонуваат Датум и време на објавување: 2.08.2016, 13:46 Датум на рецензирање: 03.08.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев    

НЕВИСТИНА

„Продолжува лицемерното однесување на СДСМ и партиските полтрони. Со месеци тие ги сквернавеа спомениците низ Скопје, плукнаа по асномците и илинденците, ги шараа со боја и ги уништуваа. Денес со насмевка на лицето лицемерно се

Грубо кршење на основните професионални и етички стандарди

на 3. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ПЕДОФИЛОТ ОД КАРПОШ – ПРВ БРАТУЧЕД НА САШО ЛАЗАРЕВСКИ!]

    Известување за полов напад врз малолетно лице е чувствителна тема која бара безусловно почитување на етичките и професионални стандарди. Тие норми се грубо прекршени во овој текст, кој освен што се става во позиција на судска пресуда, непочитувајќи ги туѓата болка и жалост, се обидува да направи спин со крајна цел – политичка дискредитација.   Линк до оригиналниот напис: ПЕДОФИЛОТ ОД КАРПОШ – ПРВ БРАТУЧЕД НА САШО ЛАЗАРЕВСКИ! Датум и време на објавување: 28.07.2016 Датум на рецензирање: 01.08.2016 Рецензент: Александар Пешев   КРШЕЊЕ НА ЕТИЧКИТЕ И НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ НОРМИ УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ Прекршување на професионалните и на етичките норми се прави уште во првата реченица од 

Фалбаџиска објава за ликот и за делото на Груевски

на 3. 08. 2016 | |

[Рецензија: Груевски во Шипковица – го дочекаа со благодарница]

  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средби со граѓаните им ветува дека преку институциите ќе им ги реши проблемите, со што фактички грубо се нарушува принципот на одвоеност на партијата од  државата. Промовирајќи ги споменатите активности на Груевски, пак, текстот што го рецензираме активно учествува во промоцијата на ваквата политика  Тоа е спротивно и на домашниот и на меѓународните кодекси на новинарите (но и на сугестиите на меѓународната заедница), каде  јасно се укажува дека: Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Линк до оригиналниот напис: Груевски во Шипковица – го дочекаа со благодарница Датум и

Плажи, вагинални инфекции и чист сензационализам

на 3. 08. 2016 | |

[Рецензија: Девојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва]

  Штур текст без да даде одговор на најважните прашања што се потребни за еден квалитетен новинарски напис. Материјалот е толку празен и сензационалистички што изгледа како целосна измислица. Во него се користи фразата „се верува дека“, што значи дека информацијата не е целосно проверена и точна, но и покрај тоа уште со самиот наслов на јавноста ѝ се испраќа сигнал дека ова навистина се случило. Линк до оригиналниот напис: Девојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва Датум и време на објавување: 29.07.2016, 12:29 Датум на рецензирање: 02.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НИТУ ИЗВОРИ, НИТУ ДОКАЗИ

„Друштво 4 млади девојки од Скопје

Новинарот не смее да сугерира пресуда

на 3. 08. 2016 | |
 

[Рецензија: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ]

    Ова е крајно необјективен текст. Не може да се пофали ниту со содржајност, ниту со објективност, но затоа „вришти“ од пристрасност. Новинарството, пак, не препознава вакви текстови, односно јасно дефинира дека таа појава е недозволива според професионалните норми и стандарди…   Линк до оригиналниот напис: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ Датум и време на објавување: 31.07.2016, 10:48 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев     ПРИСТРАСНОСТ УШТЕ ОД ПОЧЕТОК   „Четири месеци откако е поднесена кривична пријава против поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за непочитување судска одлука