verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов за мамење читатели

on 4 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 Pogrebot na majkata na Ahmeti

 

 

Напис: Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата

Министрите и зaменците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас.

Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа. Ахмети неколкупати се појави во јавноста со неговата мајка Хума. Еднаш се појавија одејќи заедно на гласање.

[Рецензија: „Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата“]

До каде ќе одат медиумите и новинарите со нивните целосно „аут“ наслови само за да ги привлечат читателите?! Секако дека ова прашање паѓа на ум секогаш кога се соочуваме со еден ваков напис, со ваков наслов, којшто не се совпаѓа со реалноста прикажана подолу во текстот. Ефектот кај читателите е разочарување и губење на довербата.

Ina Online - Deputetet dhe ministrat e bdi-se leshojne kuvendin dhe qeverine 1Линк до оригиналниот напис: Пратениците и министрите на ДУИ го напуштаат Собранието и Владата ”

Датум на објавување: 28.07.2016

Датум на рецензирање: 31.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Информацијата дека министрите, замениците министри и пратениците на ДУИ ги напуштиле Собранието и Владата подразбира дека ја бојкотирале седницата, револтирани од некоја точка на дневниот ред, или се откажале од учеството во владините структури. Ова кај читателот буди љубопитност, но во овој случај не му треба многу за да се разочара од тоа што го чита во продолжение. Како прво, горенаведените не ја напуштиле собраниската седница, туку не се појавиле воопшто таму. Второ, причината за отсуството на министрите и на пратениците на седницата не биле точките на дневниот ред, ниту интересот на нивните гласачи, па дури ни партиските интереси. Причината била еден смртен случај.

„Министрите и замениците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас. Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа.“

Ако авторот проценеше дека во неговиот медиум има простор за таква информација (смртниот случај), требаше да го направи тоа со почит кон починатата личност и кон нејзиното семејство, како и кон читателите, без да манипулира со насловот, туку третирајќи го на соодветен начин. Во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија пишува:

„Насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина“.

Не е професионално и чесно една информација да се камуфлира со еден несоодветен наслов, што ѝ го менува целосно значењето и не ја поддржува содржината. Исто така, не е прифатливо заради сензација да си поигрува со термини што не ја опишуваат фактичката состојба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести