verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Плажи, вагинални инфекции и чист сензационализам

on 3 - 08 - 2016       

sdren

[Рецензија: Девојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва]

 

Штур текст без да даде одговор на најважните прашања што се потребни за еден квалитетен новинарски напис. Материјалот е толку празен и сензационалистички што изгледа како целосна измислица. Во него се користи фразата „се верува дека“, што значи дека информацијата не е целосно проверена и точна, но и покрај тоа уште со самиот наслов на јавноста ѝ се испраќа сигнал дека ова навистина се случило.

EXCLUSIVE вагинални инфекцииЛинк до оригиналниот написДевојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва

Датум и време на објавување: 29.07.2016, 12:29

Датум на рецензирање: 02.08.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НИТУ ИЗВОРИ, НИТУ ДОКАЗИ

„Друштво 4 млади девојки од Скопје на возраст од 21-26 години сите со иста сериозна вагинална бактериска инфекција се вратија порано од своето летување во Будва. После 4 дена одмор во Будва од кои 2 дена биле на иста плажа и на која се верува дека се здобиле со инфекција според наодите и испитувањата, тргнаа назад за Скопје на лекување. Апел до младите кои ќе одат на летување да внимаваат каде одат и внимателно да ги избираат локациите, плажите и ноќните клубови“.

Во написот нема информација на која плажа се случило ова, нема информација кои се девојките кои добиле ваква инфекција, а нема ниту сведоштво од нив за да потврдат дека ова навистина се случило и да ја раскажат приказната. Недостига и потврда од медицинска установа или лекари дека навистина имало четири девојки кои добиле инфекција. Иако во текстот се вели „според наодите и испитувањата“, нема ниту трага ниту глас од наводните испитувања и наоди.

Текстот тврди дека девојките добиле инфекции на некоја плажа, но невозможно е да се каже со сигурност без дополнителни анализи и без потврда од релевантни институции дека некоја плажа навистина е извор на зараза.

Написот нема наведено ниту еден прецизен извор, ниту една потврда и доказ, но затоа е полн со сензационализам и претставува само мамка за кликнувања. Со ваквиот начин на пишување и на пласирање на информациите се прекршени членовите 1, 4 и 8,  од Кодексот на новинарите :

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно (член 1);

 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити (член 4);

 

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми (член 8).

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести