verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фалбаџиска објава за ликот и за делото на Груевски

on 3 - 08 - 2016       

vecher

[Рецензија: Груевски во Шипковица – го дочекаа со благодарница]

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средби со граѓаните им ветува дека преку институциите ќе им ги реши проблемите, со што фактички грубо се нарушува принципот на одвоеност на партијата од  државата. Промовирајќи ги споменатите активности на Груевски, пак, текстот што го рецензираме активно учествува во промоцијата на ваквата политика  Тоа е спротивно и на домашниот и на меѓународните кодекси на новинарите (но и на сугестиите на меѓународната заедница), каде  јасно се укажува дека:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

FireShot Screen Capture #164 - 'Груевски во Шипковица - го дочекаа со благодарница I Вечер' - vecer_mk_makedonija_gruevski-vo-Линк до оригиналниот напис: Груевски во Шипковица – го дочекаа со благодарница

Датум и време на објавување: 01.08.2016, 20:38

Датум на рецензирање: 02.08.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ

Рецензираме уште еден документарец  во режија на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги величи ликот и делото на лидерот на партијата  и го прикажува како личност која во државата ги држи сите конци во свои раце. Иако во овој миг е само лидер на политичка партија (нема државна функција), пред жителите на Шипковица е прикажан како промотор на нови владини проекти што треба да ги спроведе државата, ветува дека ќе ги реши нивните проблеми, ќе обезбеди пари за нови инвестиции, инфраструктура…  Груевски е во придружба на владини функционери и на претставници на државни јавни претпријатија, кои детално му реферират за она што сработиле и му ветуваат што ќе направат во наредниот период.

„Груевски најави дека ќе се реализираат и дел од инфраструктурните проекти, кои се на барање на мештаните, како што е изградбата на неколку локални патишта во регионот околу Шипковица. Груевски рече дека ќе се заложи комисијата за проценка на штетите да биде повторно испратена во селото“.

 

„За селаните  е најважно поплавите никогаш да не се повторат, изготвен е проект за санација на карпата, потокот, и каналот од страна на УНДП и Министерствот за екологија и у најскоро време почнува реализацијата. Станува збор и за патот од Шипковица према Бродец… Јавното претпријатие за државни патишта направи три километри тука нашата обврска како централна власт заврши… –  реферираше државниот секретар од министерството за финансии“.

 

„ЗАСТАВА ФИЛМ“ ПРИКАЖУВА

Текстот и видеоинсертите се концепциски направени како предизборен спот кој го прикажува амбиентот на задоволство, сигурност и целосна безгржност на граѓаните, кога го слушаат и гледаат Груевски како издава наредби, упатства и со голема сериозност прима рапорт од државните функционери, иако тој лично нема никаква функција во државата. Во видеоинсертите граѓаните на Шипковица се прикажани како неизмерно благодарни и среќни од политиката на Груевски, кој пак, е претставен како личност омилена во сите етнички средини.
Текстот, фотографиите и филмските инсерти содржински немат новинарска тежина и не носат вест или информација од јавен интерес. Овој непотпишан фалбаџиски напис е срочен и комбиниран со видеоинсерти во стилот на „филмске новости“ од раните шеесетти години на минатиот век, кои се прикажувале како журнал пред почетокот на филмот во сите кина на поранешната СФРЈ и имале функција да ги величат успесите на комунистичката партија и на нејзиниот водач.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести