verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политичка промоција од медиум до партиска веб-страница или обратно?

on 4 - 08 - 2016       

Press 24 za Gruevski vo Trnovo[Рецензија: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново]

 

Кратко и јасно – имаме пропагандна информација придружена со серија фотографии, дел од кои се употребени на официјалната веб-страница на владејачката партија. Јасно се согледува политичката пристрасност. Со оваа содржина медиумот се ставил во улога на партиски портпарол, објавувајки информација за активности на партиски лидер, а не на државен функционер, што води до претпоставката дека јавниот интерес не бил на прво место при составувањето на оваа фото-вест.

 

ФОТО Скандирања прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО ДПМНЕ вака беше пречекан Груевски во Трново Press24Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново

Датум и време на објавување: 02.08.2016

Датум на рецензирање: 03.08.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ДУРИ НИ НАСЛОВОТ НЕ ИЗБЕГАЛ ОД ПРИСТРАСНОСТА

Тенденциозниот наслов, иако соодветен на краткиот текст, јасно укажува на политичката пристрасност на објавата. Ако се има предвид дека јавниот интерес во демократско општество се фокусира на избрани функционери кои располагаат со народните пари, се поставува прашањето зошто е битно како бил пречекан партиски лидер на одредена локација?

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со многу емоции денес беше пречекан во Трново, битолско каде присуствуваше на Семакедонската средба “Илинден – Трново 2016“.

Оттука и стандардното прашање кое секој новинар треба да си го постави во обид да утврди дали дадена информација соодветствува на јавниот интерес: Па што? Што ако лидер на партија се поздравувал со граѓани и со подржувачи? Зарем тоа не е стандардна практика на лица во ваква позиција? Зошто токму информацијата за активностите на овој, а не на други партиски лидери, е издвоена и конструирана во фото-вест? Но, наместо тоа, текстот се дополнува со промоција која укажува на јасна политичка пристрасност:

„Присутните граѓани му изразија поддршка на Груевски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Трново беше пречекан со прегратки, ракувања, голем број поздрави.“

pjimage

Фотографијата која ја употребува медиумот (горе) и идентична фотографија на партиската интернет-страница (долу). Само една од неколку идентични фотографии.

Би можело да се аргументира дека станува збор за репортажно известување, но имајќи предвид дека во написот не е нотиран инцидентот во Трново, кога лице беше отстрането од собирот поради тоа што на партискиот лидер му викал „Вратете ги парите“, станува јасно дека имаме еднострана објава.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ИЛИ ПРЕПИШУВАЊЕ?

Дополнително, се создава сомнеж дали медиумот воопшто известува од местото на настанот, имајќи предвид дека од приложените фотографии во текстот, три се идентични со фотографиите употребени за информација на партискиот портал на ВМРО-ДПМНЕ.

Истите фотографии се употребени и во слична објава на друг интернет-портал, со што имаме делумна копија. Од тука, се поставуваат неколку прашања:

  • Зошто е важно како бил пречекан партиски лидер на дадена локација?;
  • Кој е изворот на фотографиите?;
  • Како идентични фотограии се најдоа на најмалку два медиуми и на партиската интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ?;
  • Дали медиумите имале екипи на терен кои изготвиле фото-вест, која била преземена од партијата, или партијата ги има испратено фотографиите до медиумите што ги имаат објавено?

Во секој случај, постои јасно кршење на членот 14 од Кодексот на новинари кој диктира дека „Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“. Кон ова вреди да се напомене и дека плагијаторството е неприфатливо во согласност со член 12 од кодексот. Кој од каде препишувал или преземал фотографии, останува да си утврдат самите медиуми и партијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести