Рецензии

Петпаречка сензационалистичка објава

на 3. 08. 2016 | |

[Рецензија: ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Ќе удри силен земјотрес, Сонцето ќе постане црно, денес е крај на светот! (ВИДЕО)]

  Апокалипсата дојде!!! Кога? Пред два дена. И? Ништо, си тераме вообичаено. Линк до оригиналниот напис: ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Ќе удри силен земјотрес, Сонцето ќе постане црно, денес е крај на светот! (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 29.7.2016, 19:30 Датум на рецензирање: 31.07.2016 Рецензент: Владимир Мирчески     ИНФОРМАТИВНА ПРАЗНОТИЈА  Што да се каже за текст што најавуваше крај на светот, ама пред два дена?! Нормално, планетава сè уште е на место, сè уште се врти, планините не се поместија, океаните не се излеаја, човекот сè уште владее со Земјата. Ништо од апокалипсата. Апсолутно непотребен напис, можеби интересен за

Неуспешно маскиран пропаганден материјал

на 1. 08. 2016 | |

[Рецензија: Во Штип со добрата инфраструктура и странски инвестиции се зголемува бројот на населението]

Како да се напише рецензија за најновата епизода од „шпанската серија“ наречена „Денот со Груевски“, а да не се наведат повторно, по кој знае кој пат, прекршувањата на новинарскиот кодекс и предупредувањата дека новинарот мора секогаш себеси да се препознае како новинар, а не како политички партнер на владејачката (или опозициската) партија и застапник на нивните цели? Хм…
Идеја-водилка во овој текст е промоција на владејачкатата партија, а притоа изгледа ниту се помислило да се проверат работите кажани за време на прошетката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по спортските и културни објекти во Штип – како, на пример, зголемувањето на бројот на населението и демографските

Искривена вест – коментари наместо факти

на 1. 08. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ: Пуштен од затвор убиецот на командант Шќипоња, Бајрам Лимани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња – Џемаил Реџепи, по наредба на ДУИ, судијката Ѓулсиме Шабани потпишала ослободување од притвор за „убиецот на Шќипоња“, Бајрам Лимани, известува ексклузивно „Факте“. Лимани доцна синоќа бил ослободен од притвор и испратен до неговата куќа во село Лојане, каде што ќе биде во куќен притвор. Инаку, денеска навршува една година од убиството на Џемаил Реџепи – Шќипоња, кој беше убиен во еден кумановски локал по една банална расправија од страна на овластениот на Али Ахмети за чување на „тронот“ на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани. Комеморацијата почнува денеска во 18 часот во зградата на поранешниот комитет во Куманово.   [Рецензија: СКАНДАЛ: Пуштен

До кога различното мислење ќе се смета за грев?

на 1. 08. 2016 | |

[Рецензија: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!!]

  Ова писание во ниту еден случај и по ниту еден критериум не може да се вброи во новинарско дело. Примитивен, навредлив, непрофесионален текст, полн со говор на омраза. Линк до оригиналниот напис: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!! Датум и време на објавување: 23.07.2016, 19:45 Датум на рецензирање: 31.07.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НАВРЕДИ, ПРИМИТИВИЗАМ, ГОВОР НА ОМРАЗА

До кога поинаквото мислење ќе се смета за грев? Во едно демократско општество, секој има право

Новинарот треба да се дистанцира од навредливиот говор

на 1. 08. 2016 | | sq

Напис: Азби Нуредини: Проклета да си ти криминална судијко Ѓулсиме Шабани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња, судијката Ѓулсиме Шабани го потпишала ослободувањето од затвор на неговиот убиец! Шќипоња се бореше токму против ваквите неправди што им ги подготвуваше на Aлбанците системот на оваа валкана држава, но од каде да знае командантот дека токму самиот ќе падне жртва на предавствата на албанофоните предавници од родот на свињите! Ѓулсиме Шабани, бидејќи за пари и кариера прифаќаш да ослободиш убијци, да даде господ тебе детето да ти го убие некој во раце и потоа судот да го ослободи за да разбереш што е болка! Ти не си судијка, туку еден касап што без трошка страв од Господ провоцираш болка на двојното

Сензационализам од бајата (дез)информација

на 1. 08. 2016 | |

[Рецензија: Третата светска војна е почната – маринец открива кој стои зад нападот во Париз и кој е Обама (Видео)]

  Сензационализам, чист сензационализам – тоа е главното погонско гориво на овој текст. Изнесената апокалиптична содржина се базира само на согледувањата на еден човек, со проблематична историја, без притоа да се наведе каде, кога и за кого таа личност ги изјавила своите ставови. Значи, очигледно преземен текст без да се наведе од каде, без каква било професионална задршка или обид да се доразјаснат наведените тврдења. Линк до оригиналниот напис: Третата светска војна е почната – маринец открива кој стои зад нападот во Париз и кој е Обама (Видео)  Датум и време на објавување: 28.07.2016, 23:00  Датум на рецензирање: 30.07.2016  Рецензент:

А какви се мајките, дебели и „несекси“?!

на 30. 07. 2016 | |

[Рецензија: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има бомбастичен наслов, а истиот, всушност, е бомбастична ступидност. Имено, написот е дискриминирачки и поставува некакви стереотипи за тоа како изгледаат жените што родиле деца. Линк на оригиналниот напис: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО) Датум и време на објавување: 27.07.2016 Датум на рецензирање: 29.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

СТЕРЕОТИПИ

„Секси Киара, дали ќе рече некој дека таа е мајка?“ Што треба да значи ваквиот наслов? Дека сексапилноста не соодветствува со мајките? Многу конфузно и нејасно. „Светски познатат пејачка Киара е една од најубавите жени на планетава. Таа има линија која ја посакува секоја жена.

„Спонтана“ пропаганда

на 29. 07. 2016 | |

[Рецензија:СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум!]

Пред нас имаме објава со јасно изразени елементи на политичка пристарсност и таа е целосно ставена во функција на промоција на поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, Никола Груевски. На прошетката на семејството Груевски ѝ е дадена толкава важност што е направена фотосторија, иако големо прашање е дали прошетката на поранешниот премиер со сопругата и со двете ќерки, воопшто може да биде  информација значајна за јавноста. За да не бидеме престоги,  „настанот“, евентуално, би можел да се регистрира со една куса фото-фест. Но, никако не заслужува да се пласира фотосесија искобинирана со воспевачка содржина: „Тие го привлекоа вниманието на посетителите и заедно се фотографираа

Речник и комуникација под секое ниво

на 29. 07. 2016 | |

 [Рецензија: Грујовата пудлица го попуши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е недоличен и користи навредлив речник, кој се граничи со примитивизам, што е спротивно на професионалните новинарски и етички норми. Линк на оригиналниот напис: Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД  Датум и време на објавување: 23.07.2016 Датум на рецензирање: 28.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВРЕДЛИВ ГОВОР НА ГРАНИЦА НА ПРИМИТИВИЗАМ

Она што е најспорно во овој текст е насловот и првиот пасус. Имено, тие содржат навреди и недолични зборови, кои не доликуваат за еден новинарски напис. „Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД“

Наместо да информира, „води војна“ со опозицијата

на 28. 07. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ планира немири по изборите – затоа го бара МВР]

  Некогаш една реченица е доволна за да укаже на тоа дали написот за кој станува збор е објективен новинарски текст или пропагандно четиво. Во овој случај таа една реченица е тврдењето дека опозициската партија подготвува насилства на денот на изборите. Насадена среде извештај за текот на преговорите на четирите политички партии за излез од кризата, оваа фантомска реченица, никната од нигде-никаде, е  апсолутно непоткрепено тврдење со какви било факти, нема логична поврзаност со остатокот од текстот, а не смее да се занемари ниту фактот дека е сериозно и мошне опасно обвинување, на сметка на опозициската партија. Освен тоа, оваа реченица-фантом е срочена неписмено, содржи нелогичности и граматички