Пристрасноста не го поддржува новинарството, туку го става во редовите на пропагандата
Објавено во Рецензии
on 27 - 07 - 2016 Автор: Fatlume DervishiНапис: Ахмети не му дава поддршка на Ердоган, застанува на страната на Ѓулен
Во врска со обидот за државен удар во Турција реагирале сите лидери Aлбанци во Косово и во Албанија, a загриженост изразиле и поголемите светски сили, но наводно овој настан го „пропуштила“ албанската партија на власт во Македонија, односно нејзиниот лидер Али Ахмети.
И претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, го поддржа претседателот Ердоган во овие настани, но немало ниту една реакција ни од ДУИ, ни од нејзиниот лидер, што предизвикува сомнеж во вистинитоста на обвиненијата што се упатуваат на адреса на партијата, чие име во последно време почна да се римува/поврзува со Русија. Или, можеби ДУИ е на страна на пучистите, односно „ѓуленистите“. /Сакте.нет/
[Рецензија: „Ахмети не му дава поддршка на Ердоган, застанува на страната на Ѓулен“]
Едноставно е да се забележи тенденциозен напис. Често поради тоа што неговата содржина го демантира или воопшто не го потврдува насловот. Текстот што го рецензираме е таков. Содржината не дава силни аргументи за да се одржи, односно да не падне во вода, тврдењето во насловот.
Линк до оригиналниот напис: „Ахмети не му дава поддршка на Ердоган, застанува на страната на Ѓулен“
Датум на објавување: 20.07.2016
Датум на рецензирање: 25.07.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не реагирал за обидот за државен удар во Турција, што се случи пред неколку денови. Ова е забележано од неколку медиуми, и дел од нив одлучија поради тоа да го нападнат Ахмети. Но, тоа не држи, бидејќи се раѓа прашањето: Колку е редно да се прашува ДУИ зошто не реагирале во врска со овој настан? Настаните во Турција немаа врска со Македонија, немаа врска ни со гласачите во Македонија, не беа инволвирани Албанци што живеат во Турција и, на крај, Ахмети не е ниту претседател на државата, хомолог на Ердоган, ниту министер за надворешни работи, а ниту, пак, некој фактор од типот лидер на некоја светска сила, за да каже јавно на која страна ѝ дава поддршка. Тој можеби и можеше да се изјасни со став, а со тоа да стане дел од „групата“ поддржувачи или противници на Ердоган и начинот на кој беше квалификуван државниот удар, особено имајќи го предвид интересот на граѓаните Албанци за настаните во Турција. Но, ништо не го обврзува ни формално, а ни морално за такво нешто.
„И самиот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, го поддржа претседателот Ердоган во овие настани, но немало ниту една реакција ни од ДУИ, ни од нејзиниот лидер, што предизвикува сомнеж во вистинитоста на обвиненијата што се упатуваат на адреса на партијата чие име во последно време почна да се римува/поврзува со Русија. Или, можеби ДУИ е на страна на пучистите, односно ’ѓуленистите’“.
Меѓутоа, според овој текст, изгледа не е така. Овој недостиг од реакција на читателот му се толкува како показател за „врската“ на партијата на Ахмети со Русија. Или, другото можно сценарио, според содржината, е едностраноста на Ахмети за „ѓуленистите“ (дел од опозицијата во Турција).
За да не се покаже пристрасност и за да биде поразбирливо за читателите, во заднината требало да се образложи зошто претпоставеното „застанување“ на Ахмети на страната на Ѓулен би било негативно нешто, како што се толкува во оваа содржина. Тенденција се забележува и во изборот на фотографијата за илустрација на Ѓулен, каде што тој е прикажан како спие. Пред да упатат вакви обвиненија, особено за вклученоста на Русија во приказната, ќе беше добро авторот да контактирал со ДУИ и со нејзиниот лидер, за да ги тргне сомнежите првин од себеси, но и за да го исполни текстот, што во овој случај не е вест, бидејќи со овие недостатоци тој не ги исполнува професионалните стандарди одредени со Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија.
- Докажувањето на податоците и точноста се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори.
- Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна”, односно да им даде можност на двете засегнати страни од новинарскиот производ да го изјаснат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот прикажува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.
- Доколку новинарот проценува дека недокажаната информација е од јавен интерес, тој е обврзан да ја објави, но истакнувајќи дека станува збор за непотврдена информација.
Оригиналниот текст е од порталот „Сакте.нет“ и е под наслов што е двојно потенденциозен – „Структурите на Фетулах Ѓулен во Македонија ги поддржуваат целосно Али Ахмети и ДУИ”. Со исклучок на насловот, текстот е преземен целосно од „Сакте.нет“ и е цитиран изворот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниеден извор
ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови