verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Стара фотографија и спин

on 21 - 07 - 2016       

Untitled

[Рецензија: УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски им организирал „гага“ екскурзии на соросоидите со полицискиот хеликоптер!]

 

Класичен школски пример за спинување, етикетирање и за коментирање за да се прикаже поинаква реалност  без да се понудат релевантни докази. Со една реченица кажано, „плукање“ со лажни податоци.

iNFOMAXЛинк до оригиналниот напис: УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски им организирал „гага“ екскурзии на соросоидите со полицискиот хеликоптер! 

Датум и време на објавување: 19.07. 2016

Датум на рецензирање: 20. 07. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НЕВИСТИНИТА ИНФОРМАЦИЈА

Уште од насловот може да се насети дека текстот ќе биде сензационалистички и коментаторски, а тоа се потврдува и со првиот пасус, во кој прво воопшто не се дава информацијата за која се однесува текстот, туку се коментира и се изнесуваат паушални податоци за поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Освен тоа што Оливер Спасовски потрошил 175.000 евра на спроведување на крајно неуспешна акција, со која ги заплашуваше граѓаните и се фотографираше за медиумите со цел да се прикаже како „министер“ иако беше само технички, тој во МВР се однесувал како министерството да му е оставина од дедо му“.

Написот се темели на фотографија, која е објавена на 16 јуни на социјалната мрежа „Фејсбук“, а на неа е прикажан активистот Јане Стефановски и други личности како позираат пред полициски хеликоптер, со кој летале заради изведување скокови со падобран.

Во написот Стефанов се етикетира дека е дел од „соросоидната мрежа платеници“, кој  наводно, поради пријателството на Спасовски бесплатно летал на грбот на граѓаните и на МВР. Исто така, подолу во текстот се наведува и дека Спасовски со тоа ја злоупотребил функцијата и ги оштетил МВР и државата.

Сепак, фотографијата, како што може да се види и на социјалната мрежа, е направена на 16 јуни, а скокањето со падобран било дел од „Д-Фестивал“ во Дојран.

slika fakti

Колажот е направен од објави на групата „Сакам да скокам со падобран во Македонија“, на „Фејсбук“

Стефанов на својот личен профил подбивно одговори на текстот, наведувајќи дека падобранците биле ангажирани од градоначалникот на Дојран и оти хеликоптерот е издаден со дозвола на актуелниот министер Митко Чавков.

facebook status

Објавата, според својата форма, би требало да претставува вест, но, за жал, поради тоа што во ниту еден момент нема поткрепа со факти, изјави и проверка на изнесените тврдења, не може да се класифицира како професионално сработен новинарски производ. Дури и во „жолтиот печат“, озборувањата се темелат на некакви проверени информации. Ова е само уште еден показател дека единствената цел на написот е да се оцрнат и да се дискредитираат Спасовски и Стефанов.

Со написот се кршат повеќе членови од Кодексот на новинари, кој налага објавување на точни и проверени информации, посочување на изворите и избалансирано и непристрасно информирање.

Член 1

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 4 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Член 5

Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

Член 7 

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.

 Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 15

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести