verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објективноста и фактите запоставени заради предумислата

on 22 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 Tetova Sot - gjubreto od Tetovo

Напис: Еве зошто  Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, де факто е против неговата партија и лидерот Али Ахмети.

Како што се знае, седиштето на ДУИ се наоѓа во Мала Речица, а Невзат Бејта забранил отпадот од ова седиште да се фрла во депонијата Русино, регионалната депонија.

Тој пред неколку денови нагласи дека „не остава ниедна општина да фрла тука отпад“ и посочи дека решение треба да најде „Владата, Министерството за екологија или кој било што е одговорен за тоа“.

Гостивар е нашиот град, доколку и вие се согласувате да ја завршиме оваа работа, гостиварците нека продолжат, а другите да се блокираат и барам да ни помогне градоначалникот со полицијата и другите општини“ се изјаснил Бејта на една средба со жителите на селата што се близу Русино.

Бејта исто така рекол дека продолжува да ги поддржува жителите на Бањица. „Проблемот со регионалната депонија да се реши еднаш засекогаш за целиот регион и секој град нека размислува за решавање на неговиот проблем во неговиот град“.

Отпадот од општина Тетово и овие денови продолжува да се блокира од лица одредени од Општина Гостивар, а во меѓувреме Општина Тетово прави многу поголеми трошоци за фрлање на отпадот во скопска „Дрисла“.

Порталот „Тетова сот“ дознава дека Општина Тетово ќе преземе мерки против Општина Гостивар, со тоа што може да се блокираат патиштата за колите со гостиварски таблици, при што може да ескалира конфликтот меѓу двете албански општини од истата партија.

Вреди да се напомене дека во 2009 година, поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, подаде рака за смирување, општина Тетово продолжи да фрла отпад во Русино, иако двајцата градоначалници беа од различни партии. /ТетоваСот/

[Рецензија: „Еве зошто  Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети“]

Темата одбрана за третирање во овој текст е повеќе од важна. Проблемот со депонијата за градовите Гостивар и Тетово е многу стар и од голем јавен интерес, а во врска со него секогаш може да се направат професионални вести, макар и само со анкетирање на жителите кои се вознемирени од оваа состојба. Но, цел на оваа содржина е еден поединец, додека начинот на информирање е нападен, без потребното „оружје“ – фактите.

Tetova sot - Ja pse Nevzat Bejta eshte kunder BDI-se dhe Ali Ahmetit 1Линк до оригиналниот напис: „Еве зошто  Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети”

Датум на објавување: 14.07.2016

Датум на рецензирање: 17.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Направена е нелогична врска меѓу двете работи за да се извади заклучок кој е нелогичен, а е кажан и во насловот. Наслов што почнува со „Еве…“ му сугерира на умот на читателот да верува дека текстот прикажува факти, изјави и податоци што јасно покажуваат зошто Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети. Причината за оваа омраза, според содржината, е блокирањето на одлагањето на отпадот од општина Тетово во депонијата Русино во Гостивар. Според текстот, тоа не требало да се случи, бидејќи седиштето на ДУИ се наоѓа во Мала Речица. Значи, Бејта не го прифатил отпадот од седиштето на ДУИ, затоа испаѓа дека тој е против ДУИ.

„Градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, де факто е против неговата партија и лидерот Али Ахмети.

Како што се знае, седиштето на ДУИ се наоѓа во Мала Речица, а Невзат Бејта забранил отпадот од ова седиште да се фрла во депонијата Русино, регионалната депонија.“ 

При формирањето ваков заклучок, текстот не го зема предвид ставот на Бејта претставен подолу, како и причините што тој ги кажал пред жителите што живеат во близина на депонијата. Не е третирана ниту загриженоста на жителите предизвикана од оваа депонија, туку е прикажана само една страна на приказната, таа дека: „…Општина Тетово ќе троши повеќе ако го фрла отпадот во скопска Дрисла“, без воопшто да се каже за колкава сума се работи.

Постојано се открива политичката припадност на градоначалниците, и тоа не се прави случајно.

„… може да ескалира конфликтот меѓу двете албански општини од истата партија.“

„… во 2009 поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, подаде рака за смирување, општина Тетово продолжи да фрла отпад во Русино, иако двајцата градоначалници беа од различни партии.“

Недостига и изјаснување од Општина Тетово, за да се потврдат или демантираат можните сценарија споменати во содржината. Невзат Бејта е нападнат директно за депонијата, оставајќи го настрана балансираното информирање и одбирајќи ги само потребните страни на приказната, за текстот да ја постигне „целта“.

Одбирањето на фактите мора да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира, пишува во Кодексот на новинарите на Македонија.

Нагласувајќи ја неколкупати политичката припадност и не занимавајќи се воопшто со важноста што ја има постоењето на една депонија близу до населените места, овој текст е провокативен и тенденциозен, а не придонесува есенцијално во разјаснување на проблемот и не нуди можно решение.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести