verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест или загатка?

on 25 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Lajm - funkcioner vo kazino

Напис: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат по казина

Тој беше еден од најголемите противници на протестот на 9 мај организиран од Опозицискиот совет. Бидејќи на 9 мај немаше среќа, затоа што на протести излегоа 30.000 Албанци, овој советник на ДУИ (во една висока државна институција) решил да ја проба среќата во казино.

Овие фотографии од него во казино ги испратил еден читател на весникот „Лајм“. Засега нема да го откриеме идентитетот на овој функционер, но само ќе истакнеме дека неговото име е исто како и името на една издавачка куќа во Скопје, додека презимето му е исто како и името на еден многу познат вид сирење.

[Рецензија: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат по казина]

Јавните лица се секогаш под медиумската лупа. Особено функционерите, кои земаат плати од буџетот на државата, што се полни од плаќачите на данок. И токму така треба да биде, сè додека авторот знае да прави разлика меѓу јавното и приватното. Приватноста е едно од човековите права, кое освен со Уставот на државата, е заштитено и со меѓународните конвенции. Сè што е приватно и не го допира интересот на јавноста треба да се почитува и да не се гиба, без разлика дали новинарот се согласува со тоа или не.

Lajmpress - BDI-se nuk po i ec fati te elektorati, fillojne ta kerkojne neper kazino 1Линк до оригиналниот напис: „ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат по казиноа”

Датум и време на објавување: 18.07.2016, 15:13

Датум на рецензирање: 19.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

Текстот повеќе личи на загатка, а и не е докрај јасна целта на пренесувањето неважна информација. Насловот и самиот текст се тенденциозни, бидејќи се занимаваат со приватните аспекти на функционерите, не објаснувајќи им на читателите зошто е тоа важно за нив.

„Бидејќи на 9 мај немаше среќа, затоа што на протести излегоа 30.000 Албанци, овој советник на ДУИ (во една висока државна институција) решил да ја проба среќата во казино.“

Интересен е фактот што читателот самиот треба да дознае за кој советник станува збор, бидејќи авторот го држи во анонимност неговиот идентитет, кажувајќи само неколку детали за него. Доколку текстот имаше информации дека советникот злоупотребува јавни пари на игри на среќа, пријавата требало да се направи јавно и со факти. Во случај на недостиг од факти за вакво нешто, авторот немал професионална основа да ја објави оваа информација. Целта на содржината изгледа не била пријавување на злоупотреба на парите, туку, едноставно, на индиректен начин, да покаже колку „немаат среќа“ претставниците на ДУИ, како што е кажано во насловот.

„Засега нема да го откриеме идентитетот на овој функционер, но само ќе истакнеме дека неговото име е исто како и името на една издавачка куќа во Скопје, додека презимето му е исто како и името на еден многу познат вид сирење.“

За оваа „вест“ не ни вреди да се каже дека има недостиг од извори, бидејќи истата, имајќи ја  предвид дефиницијата на јавниот интерес, не требало воопшто да се напише.

Јавниот интерес опфаќа информации што може да придонесат за откривање на кривични дела, злоупотреби на службената должност, загрозување на демократијата, корупција, неправди, загрозување на човековите права, дискриминација, загрозување на здравјето и безбедноста на луѓето, небрежност или/и неспособност на јавните функционери. (Прирачник за етика во новинарството)

Ниеден извор, ниеден експерт или аналитичар не би го анализирал нивото на очај кај гласачкото тело од политичките претставници на една партија врз основа на една фотографија од едно лице чиј идентитет не се кажува, а ниту може да се открие од објавената фотографија.

Јавноста има право да знае за работата на институциите и за избраните луѓе да му служат на јавниот интерес, но исто така, луѓето имаат и право на приватност…

Информации за приватниот живот на еден човек може да се објават само доколку неговото однесување во приватниот живот има влијание на јавниот интерес. Во овие случаи треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да загрози некоја друга личност.

Овој текст не ги почитува начелата за пишување на една професионална вест, кои се наведени во Прирачникот за етика во новинарството во Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

Ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

Информира, но не ги елиминира сомнежите

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести