Рецензии

Недоличен и омаловажувачки текст

на 3. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија]

  Текстот што е предмет на оваа анализа е чисто коментаторски, тенденциозен, навредлив и дава констатации кои никако не може да ги потврди со факти. Во овој материјал, пишуван во недоличен тон,   портпаролот на опозицискиот СДСМ, Петре Шилегов, се нарекува „палјачо“. Без разлика колку некој не се согласува со одредени постапки, однесувања, мислења и дела на Шилегов, во еден текст  никако не смее да се дозволи употреба на таков навредлив речник. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија Датум и време на објавување: 29.09.2016, 18:28 Датум на рецензирање: 02.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ТЕНДЕНЦИОЗЕН И НАВРЕДЛИВ ТОН

Текстот

По Јанева, и Зврлевски меѓу „своите“!

на 3. 10. 2016 | |

[Рецензија: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ]

  Објавата е класичен коментар, не се темели на факти туку на субјективни ставови, при што креира манипулативна слика во јавноста. Текстот е  правен по урнек на една друга објава која веќе има негативна оценка од „Сервис за проверка на факти од медиумите“. Линк до оригиналниот напис: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ Датум и време на објавување: 26.09.2016 Датум на рецензирање: 30.09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОЛИТИЧКА ВРАТКА

Насловната конструкција на овој напис е речиси идентична со насловот на текстот во кој се оцрнува работата и професионалноста на специјалната обвинителка Катица Јанева. Само, во материјалот што го рецензираме, наместо Јанева, „главна улога“ има Зврлевски. Затоа,

Плукање по неподобните за власта

на 3. 10. 2016 | |

[Рецензија: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?]

  Крајно шпекулативно четиво. Производ што треба да одговори на нечиите потреби да докаже и да покаже заговорничка шема во Македонија со СЈО во нејзиниот центар. Материјал што безочно ја злоупотребува својата позиција и наместо да информира, манпипулира и стигматизира одредена група луѓе, чиј заеднички содржател е дека власта многу „не ги мириса“. Линк до оригиналниот напис: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?  Датум и време на објавување: 25.09.2016 17:34   Датум на рецензирање: 30.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРАШАЊА НАМЕСТО ОДГОВОРИ

Ова е напис на „климави“ темели. Стои на „стаклени нозе“. Вистинитоста е крајно компромитирана зашто на главните пласирани тези, наместо одговори, се нудат прашања. Неразбирливо! Ако веќе се нудат

Нема вест, ама има невкус

на 3. 10. 2016 | | sq

[Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии]

  Целосно безначајно, нерелевантно за јавноста, но затоа невкусно и бескрупулозно е писанието што го рецензираме овојпат. Како поинаку да се оцени кусата објава во која приватна фотографија на една личност од опозицијата во друштво со уште двајца свои сопартијци, во неформална атмосфера, објавена на приватниот фејсбук-профил, е искористена за грубо и за плукачко коментирање? Линк до оригиналниот напис: Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии Датум и време на објавување: 27.09.2016, 23:00 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

ВЕСТА Е ДЕКА НЕМА ВЕСТ!

Уште на почеток треба да се истакне – се работи за напис кој навредливо коментира објавување на приватна фотографија на приватниот 

Професионализмот се „суши“, а воајеризмот „не пие“ вода

на 30. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис Сулејман Реџепи, заедно со неколку оџи денеска престојувалe на Попова Шапка. Според една слика што кружи на социјалните мрежи, реисот заедно со оџите имаат многу мерак за месото, затоа и објавиле заедничка слика со преполната трпеза со месо. Не се знае дали е дозволено да се постираат овие фотографии на социјалните мрежи, бидејќи повеќето муслимани немаат ни леб на нивните трпези, а реисот заедно со неколку оџи изгледа играат со сиромаштијата на муслиманите.  

[Рецензија: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо]

Во суштина, новинарот не треба да биде предводен од „мирисот на месото“. Мисија на новинарството е јавниот интерес, но

Спин затеран уште од насловот

на 30. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука]

  Еден текст мора да биде целосен и точен! Тоа е основно правило на новинарството, кое во овој текст е прекршено. Еве, во што: Кога се зборува за еден човек или кога тој зборува, а не истакнува дека ставот е од името на институцијата во која работи, станува збор за негов личен став. А овој напис ги меша личниот со ставот на една институција.     Линк до оригиналниот напис: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука Датум и време на објавување: 28.09.2016, 15:06 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев     Ако се прочита само насловот, се претпоставува дека се работи за некое соопштение или

Кога навредите се најсилниот аргумент

на 30. 09. 2016 | |

[Рецензија: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, всушност, е едно четиво полно со навреди и со недолични зборови кое има цел да ги омаловажи специјалната обвинителка Катица Јанева и други личности, критичари на власта, кои тука се претставуваат како дел од некакво „подземје“. Написот прави обид сите тие да ги поврзе со опозицискиот СДСМ и на тој начин да ја диксредитира оваа партија. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме! Датум и време на објавување: 29.09.2016 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОЦРНУВАЊЕ

„Започна есенското продолжение на сценариото на „Чадорот“ кој ги активираше

Текст без новинарска диоптрија

на 30. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите]

  Едно од најголемите прекршувања во известувањето за изборните процеси е непочитување на основните стандарди за објективно, непристрасно и точно информирање. Токму вакво, нагласено тенденциозно известување имаме во текстот што е предмет на рецензија. Во непотпишаниот напис во форма на коментар-анализа, нема аргументи што би ја докажале вистинитоста на она што се тврди, а „изјавите“ на експертите на кои се повикува ги нема никаде во текстот. Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите Датум и време на објавување: 27.09.2016, 18:12 Датум на рецензирање: 29.09.2016 Рецензент: Александар Писарев  

„КОМПЕТЕНТЕН СУДИЈА“

Очигледна е тенденцијата да се засилат

Фали го Груевски, плукај по „соросоидите“ и – ете ти текст!

на 29. 09. 2016 | |

[Рецензија: Груевски со нови проекти, СДСМ/Сорос со деструкција и фарбање]

  Во овој напис информацијата за настанот за кој станува збор е филувана со политичка пропаганда, на која не ѝ е место во информативен жанр каков што е извештај од прес-конференција, туку во коментар. Текстот  што го рецензираме е хибрид кој не ги исполнува основните новинарски стандарди за објективно, точно, непристрасно и целосно информирање на медиумските консументи, бидејќи им наметнува ставови и им сугерира мислење за она за што информира. Линк до оригиналниот напис: Груевски со нови проекти, СДСМ/Сорос со деструкција и фарбање Датум и време на објавување: 26.09.2016, 20:23 Датум на рецензирање: 28.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска   Она што овој текст, сосем некоректно им го премолчува на своите читатели

Само од фејсбук-статус не се прави текст

на 28. 09. 2016 | | sq

Овој напис покажува како не треба да изгледа еден текст. Само од статус на „Фејсбук“ не може да се направи текст, тоа може да биде само иницијална каписла. На ваква објава не може да ѝ се верува безрезервно, без разлика од кого доаѓа.   Линк до оригиналниот напис: Панов „купил“ стан во Скопје од фирма што има склучено тендери со општината во висина од половина милион евра Датум и време на објавување: 24.09.2016, 12:28 Датум на рецензирање: 28.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

А ВТОРАТА СТРАНА?

Овој текст губи од професионалноста со тоа што фејсбук-статус од висок функционер на СДСМ е земен здраво за готово и е пласиран како новинарски текст. Притоа насловот е категоричен според тврдењето, без воопшто да остави