verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема вест, ама има невкус

on 3 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

puls-24

[Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии]

 

Целосно безначајно, нерелевантно за јавноста, но затоа невкусно и бескрупулозно е писанието што го рецензираме овојпат. Како поинаку да се оцени кусата објава во која приватна фотографија на една личност од опозицијата во друштво со уште двајца свои сопартијци, во неформална атмосфера, објавена на приватниот фејсбук-профил, е искористена за грубо и за плукачко коментирање?

Рецензија: Нема вест ама има невкусЛинк до оригиналниот напис: Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии

Датум и време на објавување: 27.09.2016, 23:00

Датум на рецензирање: 30.09.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ВЕСТА Е ДЕКА НЕМА ВЕСТ!

Уште на почеток треба да се истакне – се работи за напис кој навредливо коментира објавување на приватна фотографија на приватниот профил на личност, поранешен новинар и актуелен член на раководство на опозицискиот СДСМ. Фотографијата е преземена без дозвола на сопственикот и ставена во функција на негово дискредитирање.

Конкретно, се коментира тоа што на фотографијата се наѕира дел од шише алкохол, за подоцна, на истиот профил да се појави истата фотографија, но скратена во долниот дел, а детаљот повеќе не се гледа.

„Вниманието ни го одвлече четвртиот на сликата – „Џони Вокер“ со бандерола – кој се најде меѓу познатите на фотографијата. Но, интересното се случи десетина минути подоцна, кога на истиот ФБ профил се појави нова сечена, лепена, монтирана фотографија на која „Џони“ го нема. Уверете се сами“.

Каква општествена релевантност е пронајдена во фактот дека Зекири си ја скратил сопствената фотографија која потоа ја објавил на „Фејсбук“? Алудирањето дека со ова се крие постоењето на шишето алкохол на масата покрај која се сликани Зекири и сопартијците, пратениците Петре Шилегов и Софија Куновска, не му соопштува практично ништо на читателот, освен еден приватен момент од животот на Зекири што тој посакал да го сподели со јавноста.

Согласноста на корисникот да објави негови фотографии на приватен профил, без разлика на тоа на колку други корисници тие ќе им бидат достапна, не значи и негова согласност за истите да бидат преобјавувани на други веб-страници или традиционални медиуми, па оттаму секое преобјавување на фотографии без согласност на лицето, носител на личните податоци е противзаконско,

стои во новинарската лекција за феноменот на (зло)употреба на приватни податоци јавно достапни на социјални мрежи, објавена на „Сервис за проверка на факти од медиумите“.

Што е тука веста, би се запрашале? Веста е дека во овој напис нема вест. И ниту трошка добар вкус.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести