Рецензии

Текст без два основни стандарди може да биде само „жолт“

на 6. 10. 2016 | | sq

Иако професионлниот стандард на наведување извор(и) во македонските медиуми е усвоен пред многу години, сè уште среќаваме написи без никакви извори на информации и такви во кои изворите не се именуваат или погрешно се лоцираат за да се заведе читателот. Но, исто така, сериозен проблем е и користењето на еден или истородни извори, без да се почитува етичката обврска да се сослуша и другата страна. Таков е и овој напис, кој е едностран, со многу прашалници, уште повеќе неаргуменитрани и непроверени тврдења и сето тоа без извори. Линкуван наслов на оригиналниот напис: Министерот Цветков се изнервирал и забранил да му даваат кафе на заменикот Николовски, немал заслужено Датум и време на објавување: 4.10.2016, 18:45 Датум на рецензирање: 06.10.2016 Рецензент: Владо

Oд инает не се прави новинарство

на 6. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!

Кастриот Мифтарај против Движењето „Беса“, Берат Бужала против Движењето „Беса“, Фахри Џара исто така… Миленко, Латас и др… Народе, доволно е да видите кој е против „Беса“ и на 11 декември за инает да го дадете гласот за „Беса“!  

[Рецензија: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!]

Целта на веста треба да се образложи за да биде што појасна за читателите. Кога новинарот решава да информира за едно прашање, тој тоа треба да го прави врз основа на фактите и на доказите. Рецензираниот текст претставува хипотетичко информирање. Тој набројува противници на еден политички субјект, ставајќи ги сите нив во една иста вреќа, како национални противници. Но, тоа што се тврди

Само да се нападне Ховит

на 5. 10. 2016 | | sq

[ Рецензија: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е политички мотивиран и тенденциозен, што се гледа уште од самиот наслов. Тој има цел да го нападне и да го дискредитира британскиот европратеник Ричар Ховит, кој како член на сестринска партија на СДСМ му даде поддршка на Заев за изборите кои треба да се одржат во декември годинава. Линкуван наслов на оригиналниот напис: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија Датум и време на објавување: 04.10.2016 Датум на рецензирање: 05.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ГРЕВОТ“ НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ!

Написот уште на почетокот го напаѓа Ховит: „Искористувајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП

Внимание: лажна тревога!

на 5. 10. 2016 | |

[Рецензија. Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се]

  Текстовите мора да се вистинити и точно да ја одредуват локацијата каде што се случил настанот. Информацијата што се пласира мора да има потврда – преку соговорници, документи или некоја друга фактографија, за да можат читателите да бидат сигурни дека се работи за вистина. Овој напис не нуди такви докази и не остава простор да му се верува. Линк до оригиналниот напис: Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се Датум и време на објавување: 03.10.2016, 21:52 Датум на рецензирање: 04.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКРИЕН „ТИЗЕР“ ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА

Насловот и почетокот на текстот се пишувани како да се работи за нешто што се случило

Евтина шпекулативна приказна

на 5. 10. 2016 | |

[Рецензија: Дали Солза и двете нејзини алапачи ќе станат пратенички на Ивон од ЛП?]

  Текстот е шпекулативен, без никаква поткрепа на изнесените податоци, а истовремено коментира и навредува. Објавата има навредлива интонација и е правена со идеја да ги оцрни споменатите пратенички. Линк до оригиналниот напис: Дали Солза и двете нејзини алапачи ќе станат пратенички на Ивон од ЛП?  Датум и време на објавување: 01.10. 2016 Датум на рецензирање: 03.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ШПЕКУЛАЦИЈА

„Дознаваме дека Солза Грчева изминатава недела скоро секој ден седела со Ивон Величковски од Либерална во еден познат скопски кафич, да не случајно таа и нејзините две колешки Роза и Буралиева пред крај сменат статус од слободни пратенички во компликејдед врска со Ивон, он

Изворите и сеопфатноста се „чеканот и шајката“ на новинарот

на 5. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Беса“ со стратегија за опозициска соработка, но чеканот и шајките во нејзини раце

Движењето „Беса“ составило стратегија која тежнее кон позитивна соработка на опозициските партии во Македонија. Според портпаролот на овој политички субјект, Фатон Фазлиу, оваа движење исто така составило и комисија што ќе работи на ова прашање. „Ова комисија покажа резултати, воспоставена е комуникација и почнати се преговори со сите опозициски политички партии и се надеваме дека набргу ќе имаме конкретни резултати што се однесува до сорабоката меѓу опозицијата“, изјавил портпаролот на „Беса“, Фатон Фазлиу. Фазлиу изрази оптимизам и рече дека очекуваат работата на ова комисија да донесе позитивни резултати. „Врз основа на досегашните преговори, ние сме многу оптимисти и очекуваме целата оваа работа да се круниса

А зошто Груевски да не оди пеш?!

на 4. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот!]

  Tекстот што е предмет на рецензија уште од насловот го величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи  „слободно прошетал меѓу обичниот народ“ ! А како треба да шета лидер на една партија?! И, зошто прошетката на Груевски, од Музејот на ВМРО до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, треба  да се смета за некаков посебен подвиг на кој треба да се воодушевуваме? Линк до оригиналниот наслов: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот! Датум и време на објавување: 29.09.2016 Датум на рецензија: 04.10.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ВОСПЕВАЊЕ

Овој нагласено пристрасен материјал го  величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи го

Натежнува од вулгарност

на 4. 10. 2016 | |

[Рецензија: МА ДАЈ НЕМОЈ ДА МЕ Ј…Ш – ФИКУС, РЕЖИМСКИ ОЛИГАРХ ….]

  Оваа објава натежнува од вулгарности и не заслужува да се нарече новинарски производ. Еден професионално сработен текст мора да се придржува до принципите на етички исправното новинарство, во кое нема место за недолични зборови и за пцости. Линк до оригиналниот напис: МА ДАЈ НЕМОЈ ДА МЕ Ј…Ш – ФИКУС, РЕЖИМСКИ ОЛИГАРХ …. Датум и време на објавување: 29.09.2016 Датум на рецензирање: 02.09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРОСТОТИЛАК

Предолгиот наслов со кој е врамен овој материјал е преполн со навреди, етикети и се граничи со примитивизам. Ваква насловна конструкција не би можела да помине ниту на блог, а не заслужува да биде пласирана ниту како статус на

Од лапсусот не се гледа веста

на 4. 10. 2016 | |

[ШТО МУ Е ПРВО НА УМ НА ЗАЕВ: Другарки и другари, пред да го излажам… (ВИДЕО)]

  Извештајот односно проширената информација од некој настан е форма на новинарско изразување кое се заснова на правилно презентирање на клучните факти и детали од настанот, за јавноста да стекне што е можно попрецизна слика што навистина се случувало и тој не остава простор за толкување, коментирање или пласирање на лични ставови и согледувања на новинарот – репортер. Но, овој извештај од работата на Конгресот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не ги запазува основните новинарски правила и на читателите им го нуди она што сака – а тоа е првенствено да пренесе порака до читателите во која ќе го исмее, оцрни и омаловажи претседателот

Сензација од небитна информација

на 3. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив]

  Текстот што го рецензираме не содржи никаква суштинска информација. Намерно е ставен сензационалистички наслов за да привлече повеќе читаност и со тоа да собере повеќе кликнувања. Линк до оригиналниот напис: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив Датум и време на објавување: 30.09.2016 Датум на рецензирање: 03.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

БЕЗ СУШТИНСКА ВЕСТ

Кога ќе го видите насловот на написот: „Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив“, сигурно ќе си помислите дека станува збор за некоја многу популарна личност и ќе ве заинтригира да го отворите текстот, да видите за