verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Внимание: лажна тревога!

on 5 - 10 - 2016       

press-24

[Рецензија. Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се]

 

Текстовите мора да се вистинити и точно да ја одредуват локацијата каде што се случил настанот. Информацијата што се пласира мора да има потврда – преку соговорници, документи или некоја друга фактографија, за да можат читателите да бидат сигурни дека се работи за вистина. Овој напис не нуди такви докази и не остава простор да му се верува.

bubackiЛинк до оригиналниот напис: Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се

Датум и време на објавување: 03.10.2016, 21:52

Датум на рецензирање: 04.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СКРИЕН „ТИЗЕР“ ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА

Насловот и почетокот на текстот се пишувани како да се работи за нешто што се случило во Македонија, поточно во Скопје:

„Дали сте приметиле дека малку по малку смрдибубачката ви паѓа на ракав или ја снимате како ползи по прозорот обидувајќи се да ви влезе во стан?

Веројатно и вие се стресувате и ја отфрлате подалеку од себе, плашејќи се од дека смрдеата која ја пуштаат, а по која и го добиле името. Прво постои причина за загрижување, затоа што оваа година има многу повеќе од овие бубачки во Македонија. Второ – смрдеата е најмал проблем“.

Наспроти тоа што е невообичаено текст да почнува со прашање, поголем проблем во написот е невистината или скриениот „тизер“ со коj текстот сака да добие повеќе кликнувања. Потоа во текстот се забележува дека ова воопшто не се однесува на Скопје:

„Во Србија овие денови е забележан најезд на непријатни смрдливи бубачки кои бараат засолниште на терасите и влезовите во становите и куќата. По потекло се од источна Азија, а според зборовите на дипломираниот инжинер за земјоделие Драгана Живковиќ, климатските промени ја предизвикале миграцијата на овие бубачки кои брзо се размножуваат“.

 

ЗБУНУВАЧКА ОБЈАВА

Во текстот има и некоја парафразирана изјава на српски инженер, а во последниот пасус има објаснување од „Институт Тамиш“. Од тоа што можевме да го заклучиме за овој институт по пребарувањето на интернет, тоа е друштво со ограничена одговорност и се занимава за испитување на почвата. Меѓутоа, во написот нема други податоци за поблиску да се објасни за каква институција се работи.

Најверојатно, текстот е преземен од српски медиум и е преведен, без да се наведе изворот. Овој напис, секако, можел да се адаптира и да биде добар новинарски производ. Можеле да се јават во некоја служба која е стручна за вакви бубачки, да прашаат дали има нешто слично и во Скопје и да се земе изјава. Сепак, таа можност е пропуштена.

Подолу во написот е опишан и начинот како бубачките го каснуваат човекот, но и тоа не е поткрепено со ништо – ниту со линк до некоја страница каде ова стручно е објаснето, ниту има изјава од експерт.

Овој текст најпрво е невистинит, потоа е несодржаен, нема наведено извор на веста, нема прецизна локација  –  наездата од смрдулки, наводно, се случува некаде во Србија, но не е наведено точно каде. Згора на сè, написот е ставен во рубрика Македонија, што збунува. Па, поради сите овие пропусти написот може да добие само негативна оценка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести