Изворите и сеопфатноста се „чеканот и шајката“ на новинарот
Објавено во Рецензии
on 5 - 10 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: „Беса“ со стратегија за опозициска соработка, но чеканот и шајките во нејзини раце
Движењето „Беса“ составило стратегија која тежнее кон позитивна соработка на опозициските партии во Македонија. Според портпаролот на овој политички субјект, Фатон Фазлиу, оваа движење исто така составило и комисија што ќе работи на ова прашање.
„Ова комисија покажа резултати, воспоставена е комуникација и почнати се преговори со сите опозициски политички партии и се надеваме дека набргу ќе имаме конкретни резултати што се однесува до сорабоката меѓу опозицијата“, изјавил портпаролот на „Беса“, Фатон Фазлиу.
Фазлиу изрази оптимизам и рече дека очекуваат работата на ова комисија да донесе позитивни резултати.
„Врз основа на досегашните преговори, ние сме многу оптимисти и очекуваме целата оваа работа да се круниса со една вистинска соработка на опозицијата“, продолжи тој.
Тој рече дека Движењето „Беса“ комуницира со сите опозициски партии и во наредните денови ќе информира поконкретно за ова соработка.
Бидејќи од „Беса“ веќе ја составиле комисијата и оствариле средби со неколку личности од политичките партии, оваа ги ставило пред свршен чин другите опозициски партии, ДР-ДПА и НДП, кои треба да го играат орото според ритамот на тапанот на „Беса“.
[Рецензија: „Беса“ со стратегија за опозициска соработка, но чеканот и шајките во нејзини раце]
Насловот е елемент што го информира читателот околу тоа што тој ќе прочита во текстот. Врз основа на професионалните начела, насловот треба да биде примамлив, да информира, да биде краток и разбирлив за сите читатели.
Рецензираниот текст има наслов кој на прв поглед е малку нејасен и кој не е примамлив, а и не го информира читателот. Метафората употребена во насловот го буни читателот, иако ќе беше во ред доколку авторот го завршеше насловот веднаш по првата запирка. Не треба да се заборави дека насловите се пишуваат на тој начин за да можат полесно да се запамтат!
„Движењето „Беса“ составило стратегија што претендира кон позитивна соработка на опозициските партии во Македонија. Според портпаролот на овој политички субјект, Фатон Фзлиу, оваа движење исто така составило и комисија што ќе работи на ова прашање. „Оваа комисија покажа резултати, воспоставена е комуникација и почнати се преговори со сите опозициски политички партии и се надеваме дека набргу ќе имаме конкретни резултати што се однесува до сорабоката меѓу опозицијата“, изјавил портпаролот на „Беса“, Фатон Фазлиу“.
Линк до оригиналниот напис: „„Беса“ со стратегија за опозициска соработка, но чеканот и шајките во нејзини раце“
Датум и време на објавување: 26.09.2016
Датум на рецензирање: 27.09.2016
Рецензент: Адриан Керими
Текстот е едностран. Иако известил за стратегиите на една партија, во него нема став од другите партии и субјекти спомнати за да биде целосна веста или, пак, за подготвеноста на другите субјекти за или против придружување кон оваа стратегија.
„Фазлиу изрази оптимизам и рече дека очекуваат работата на ова комисија да донесе позитивни резултати. „Врз основа на досегашните преговори ние сме многу оптимисти и очекуваме целата оваа работа да се круниса со една вистинска соработка на опозицијата“, продолжи тој“.
Доколку изјавите ги земал лично авторот на веста, тогаш тој треба да го истакне и нивниот извор. „Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот“, ( Етички кодекс на новинарите).
„Тој рече дека Движењето „Беса“ комуницира со сите опозициски партии и во наредните денови ќе информира поконкретно за ова соработка. Бидејќи од „Беса“ веќе ја составиле комисијата и оствариле средби со неколку личности од политичките партии, оваа ги ставило пред свршен чин другите опозициски партии, ДР-ДПА и НДП, кои треба да го играат орото според ритамот на тапанот на „Беса“.“
На крај на текстот нема евидентирани извори. Авторот се повикува на оригинално дело, но во текстот не се истакнува кој ја пренесува веста. Ова непрофесионалност може да разбуди сомнеж дека изјавите или се преземени од друг медиум или, пак, се преземени од партиското соопштение. Во Етичкиот кодекс на новинарите е истакнато дека: „Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“
Констатациите што се даваат на крај на текстот се коментари, кои не треба да си ги дозволи ниту еден новинар. За субјективни констатации, како, на пример: „треба да го играат орото според ритамот на тапанот на Беса“, новинарот е должен да ги контактира и да земе изјава од споменатите партии, но и по ова, нивните изјави може да водат до нови извори на информации, како што се аналитичарите и познавачите на политичките прашања, а не на овој начин да излегува надвор од своите надлежности и професионални задачи. „Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“, категорично е нагласено во Етичкиот кодекс на новинарите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
Делумно
официјални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови