verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Oд инает не се прави новинарство

on 6 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-61-a-e-dini-kush-eshte-kunder-levizjes-b_-http___proverkanafakti-mk_wp-conte

 

Напис: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!

Кастриот Мифтарај против Движењето „Беса“,

Берат Бужала против Движењето „Беса“,

Фахри Џара исто така…

Миленко, Латас и др…

Народе, доволно е да видите кој е против „Беса“ и на 11 декември за инает да го дадете гласот за „Беса“!

 

[Рецензија: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!]

Целта на веста треба да се образложи за да биде што појасна за читателите. Кога новинарот решава да информира за едно прашање, тој тоа треба да го прави врз основа на фактите и на доказите. Рецензираниот текст претставува хипотетичко информирање. Тој набројува противници на еден политички субјект, ставајќи ги сите нив во една иста вреќа, како национални противници. Но, тоа што се тврди во текстот, дека некој е против именуваниот политички субјект, треба и да се докаже, бидејќи во спротивно, може да се мисли дека редакцијата или, пак, авторот напишале текст по нарачка.

Кастриот Мифтарај против Движењето „Беса“, Берат Бужала против Движењето „Беса“, Фахри Џара исто така… Миленко, Латас и др…

Авторот секогаш треба да покаже дистанца од политичките субјекти. Новинарството нема цел да реализира или, пак, да врши пропаганда против една платформа или, пак, против една политичка партија. Ако некој е против една платформа, ова е уште една причина плус да се бараат причини и ставови засновани врз овие убедувања.

 

a-e-dini-kush-eshte-kunder-levizjes-besa-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Дали знаете кој е против Движењето БЕСА?!

Датум и време на објавување: 29.09.2016

Датум на рецензирање: 30.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите“.

“Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ (Етички кодекс на новинарите).

Народе, доволно е да видите кој е против „Беса“ и на 11 декември за инает да го дадете гласот за „Беса“!

Ако целта на овој текст била да ја информира јавноста за тоа што мислат гореспоменатите личности, тогаш задолжително требало да содржи и нивни изјави. Ваква содржина не може да ја информира јавноста. Кога станува збор за еден новинарски напис, тој треба да има ред, стил и професионален говор, а не да биде политички апел за наметнување на едно мислење или, пак, пропаганда за една идеја со дискурс на политичките партии.

Заднината на веста е како шлаг на тортата. Единаесетти декември е само еден обичен ден за сите што не знаат дека на овој датум се закажани предвремени парламентарни избори, како резултат на политичката криза и политичкиот договор. Авторот има обврска на јавноста да ѝ пренесе што поцелосна информација и да ги информира читателите на што пообјективен и што посеопфатен начин.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не се исклучува можноста

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести