verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А зошто Груевски да не оди пеш?!

on 4 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот!]

 

Tекстот што е предмет на рецензија уште од насловот го величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи  „слободно прошетал меѓу обичниот народ“ ! А како треба да шета лидер на една партија?! И, зошто прошетката на Груевски, од Музејот на ВМРО до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, треба  да се смета за некаков посебен подвиг на кој треба да се воодушевуваме?

zaev

Линк до оригиналниот наслов: МОЖЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЧАДОРОТ ВАКА СЛОБОДНО ДА ПРОШЕТА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот!

Датум и време на објавување: 29.09.2016

Датум на рецензија: 04.10.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ВОСПЕВАЊЕ

Овој нагласено пристрасен материјал го  величи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи го како политичар близок до народот, кој не „пати“ од луксуз и наместо да се вози со скапи автомобили оди пеш.

„По завршувањето на промоцијата на новата мерка за автомобилизам и екологија, лидеот на ВМРО-ДПМНЕ од музејот на ВМРО до својот кабинет во седиштето на партијата замина пеш. Дали може вака Заев да си се прошета по Скопје? Или можеби чадорот ќе прошета вака?“

Сепак, ваквата слика за скромен политичар не се вклопува во приказната за купување „мерцедес“ од 600.000 евра, која е објавена во еден од прислушуваните разговори на опозицијата и во која социјалдемократите тврдеа дека е инволвиран поранешниот премиер – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа текстот во истиот воспевачки дух вели:

„Оној кој е само едно мало делче од народот, оној кој е избран од народот да го претставува и да управува со Македонија, само тој може слободно и без страв да си се шета пеш било каде во сопствената држава“.

Но, написот не нуди аргументи дека народот на демократски избори одлучил да му ја даде довербата на Груевски и на неговата партија. Наспроти ваквото тврдење, „бомбите“ што опозицијата  ги објави минатата година говорат за изборни измами, купување гласови и за фалсификување изборни резултати. Исто така, Специјалното јавно обвинителство има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори.

Текстот што е пред нас толку многу го фали Груевски, што изгледа дури невкусно, додворувачки. Објавата, инаку, се потпира само на еден краток видеозапис (15 секунди), чие потекло не може да се утврди, па можеби произлегува и од службите за односи со јавноста на владејачката партија, правен за пропагандни цели. А токму таков пропаганден призвук има овој материјал што го воспева лидерот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што одел пеш!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести