Сензација од небитна информација
Објавено во Рецензии
on 3 - 10 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив]
Текстот што го рецензираме не содржи никаква суштинска информација. Намерно е ставен сензационалистички наслов за да привлече повеќе читаност и со тоа да собере повеќе кликнувања.
Линк до оригиналниот напис: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив
Датум и време на објавување: 30.09.2016
Датум на рецензирање: 03.10.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
БЕЗ СУШТИНСКА ВЕСТ
Кога ќе го видите насловот на написот: „Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив“, сигурно ќе си помислите дека станува збор за некоја многу популарна личност и ќе ве заинтригира да го отворите текстот, да видите за која ѕвезда станува збор.
И тогаш ќе се разочарате.
„Сепак, овој пат, нивна сопатничка била една позната личност која сите ја забележале. Не затоа што правела нешто посебно туку, затоа што едноставно цела Србија ја познава“.
Фотографијата што е употребена во текстот не остава впечаток дека граѓаните сопатници на познатата личност биле нешто особено изненадени и воодушевени од нејзиното присуство.
Понатаму, сè уште е нејасно за кого станува збор, бидејќи во Македонија оваа личност тешко дека некој ја познава.
Нејзиниот идентитет се открива дури на крајот од текстот.
„Доколку вие не ја познавте, станува збор за докторка во Србија Нада Мацура“.
Доколку сè уште не ја познавате, тогаш „изгуглајте“ и ќе дознаете која е!
Овој текст има цел само да привлече внимание со бомбастичен наслов, а во суштина не содржи информација која е од јавен инетрес во Македонија. Веста, најверојатно, е преземена од српски медиуми, но изворот не е наведен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
нема лажни информации
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови