Рецензии

Пропаганда што го „стресе“ новинарството

на 14. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Мендух Тачи го стресе Долнени (Фото)

Демократската партија на Албанците одржа собир за жителите на селото Добреш во општина Долнени. На оваа партиска активност забележано е големо присуство на симпатизерите на ДПА, на кои им се обрати лидерот на партијата, Мендух Тачи, и други партиски функционери. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека единствена алтернатива за решавање на албанското прашање во Македонија е партијата што ја води тој. (ИНА)  

[Рецензија: „Мендух Тачи го стресе Долнени (Фото)“]

За среќа, сите политички партии имаат свои официјални веб-страници на кои ги објавуваат сите свои активности, проекти или политички платформи, средби со граѓани или некоја друга активност за која нивните оддели за печат сметаат дека треба да биде објавена. Овие информации

Аналитичарката застапник!

на 14. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Игра ли опозицијата опасна игра обидувајќи се трет пат да избегне избори?] Прашањето на избалансираност е едно од најдобро елаборираните прашања во укажувањата што доаѓаат од теоријата на новинарството и од неговото практикување. Едноставно, не е етички, ниту професионално, да се презентираат еднострани, а следствено на тоа, пристрасни, информации, а уште помалку ставови, односно мислења. Згора на тоа, уште понепрофесионално е тој тип на пристрасност и постапки да се „покриваат“ со – аналитичари. Аналитичарите, во принцип, треба да се стручни лица кои поседуваат знаење да расудуваат одредени процеси без да заземаат страна. Тоа е таа студена академска позиција. Но, бидејќи тоа што во светот е правило, кај нас е исклучок, а тоа што во светот е исклучок, кај нас

Гаф спинуван како признание

на 14. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: НОВ ГАФ ИЛИ ПРИЗНАНИЕ: Заев со комунистичка реторика го презентираше „Лажниот план на СДСМ“]

  Текстот е коментарски и едностран, а се темели на лапсус, кој се користи за спинување и за вадење од контекст на говорот на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.   Линк до оригиналниот напис: НОВ ГАФ ИЛИ ПРИЗНАНИЕ: Заев со комунистичка реторика го презентираше „Лажниот план на СДСМ“  Датум и време на објавување: 02.10. 2016 – 18:12 Датум на рецензирање: 13.10.2015 Рецензент: Димитар Тануров   ТЕКСТ „ЗГОТВЕН“ ЗАРАДИ ОЦРНУВАЊЕ Коментаторскиот наслов на написот што го рецензираме најавува каков тип на текст следува, односно напис исполнет со лични коментари, извртување на приказната, сè со една цел – да се оцрни лидерот на СДСМ, Зоран Заев,

Парада дочекана со неиздржана тирада

на 13. 10. 2016 | |

[Рецензија: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата]

  Текстот претставува злонамерно, тенденциозно и намерно омаловажување на еден јавен настан, при што со навредлив тон се етикетират неговите учесници и организатори.  Притоа, за да се акцентира тезата што ја застапува текстот, се става и линк кон друг текст, исто така проблематичен од аспект на почитување на новинарските стандарди, а сè за што повеќе да се дискредитира опозицијата. Притоа ниту една теза што е изнесена во текстот не може да се потврди со факти.   Линк до оригиналниот напис: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата Датум и време на објавување: 11.10.2016 – 15:15 Датум на рецензирање: 12.10.2016 Рецензент: Александар Писарев     ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА
Основна цел

Текст во кој нема вест, туку само навреди

на 13. 10. 2016 | |

[Рецензија: (Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади нив!]

  Насловот на текстот што е предмет на рецензија упатува навреди кон учесниците на граѓанскиот марш, нарекувајќи ги политичарите и активистите во првиот ред „криминалци“ и „кодоши“, додека луѓето зад нив ги квалификува како „збунети“ и „прелажани“ – асоцирајќи на овци. Насловот содржи говор на омраза кон учесниците, без да се земе предвид демократското и граѓанско право преку протест да се изрази незадоволството од одредени општествени состојби. Потоа, во текстот воопшто не се споменува поводот зошто политичарите, активистите, уметниците се собраа на граѓанскиот марш, а тоа е да се одбележи Денот на востанието во Македонија – 11 Октомври, со испраќање слободарска порака. Не е споменато дека

Парада на непрофесионалност

на 13. 10. 2016 | |

 

[Рецензија: Скапата парада на Заев: Да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови]

Рецензираме текст под тенденциозен наслов со интегрирани коментари. Видлива е политичката пристрасност и не се нотираат извори на информации ниту, пак, е користена методологија за направените проценки. Линк до оригиналниот напис: Скапата парада на Заев: Да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 12.10.2016 , 12:43 Датум на рецензирање: 12.10.2016 Рецензент: Александар Пешев Тенденциозноста се забележува уште од насловот. Се тврди дека „да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови“. Ваквата констатација создава обврска за наведување точни проценки во текстот и потребен е одговор на прашањето како е утврдено

Вест изгубена во неколку пропагандистички редови

на 13. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.

’Шќипоња’ – Агим Нухиу меѓу сите Заменик-министерот Агим Нухиу за време на една церемонија гордо стои меѓу вработените во МВР. Веднаш откако беше назначен за заменик-министер, Агим Нухиу направи неколку круцијални измени, особено во местата каде што живее албанско население, кои имаат цел да олеснат  бројни процедури. Тој е познат како најпрофесионален кадар на Демократската унија за интерграција.  

[Рецензија:„Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.]

Овој текст докажува дека често се случува професионалното новинарство да не може да се најде на електронските портали. За написот не можеме да кажеме во која рубрика припаѓа, но едно е сигурно – не во онаа за вести. Не може да се одреди

Избрзани констатации, погрешен резултат

на 13. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Ексклузивно: Специјалното јавно обвинителство потфрли, претставници на ДУИ и на ДПА повикани во Амбасадата на САД

Претставници од албанските партии ДУИ и ДПА се поканети на разговор во Амбасадата на САД во Скопје. Средбата следува по вчерашното гласање за предлозите на Специјалното jавно oбвинителство за законски измени, од кои ниеден не беше усвоен. СЈО произлезе од Договорот од Пржино, а САД се нивен гарант, известува „Нова“. Вчера, пак, амбасадата на САД во Скопје излезе и со официјална изјава, која гласи: „Отчетот за неовластените прислушувања и сомнежи за злоупотреби е од суштинска важност за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека барањата на СЈО се правилни за независна истрага и врз основа на фактите“, се вели

Фатени на дело и во лага

на 13. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Лавров: Шарената револуција во Македонија се управува однадвор!] Една од првите лекции во сите учебници по новинарство, која опишува што е тоа што една информација ја прави вредна да биде вест, е – навременоста. Односно, информацијата да биде објавена тогаш кога таа произлегува од некој настан. Зошто, инаку, таквата информација би се нарекла вест? Во случајот на овој текст имаме информација која никако не може да биде вест бидејќи е многу стара.  Дури 18 месеци. А објавена, како вест, е на 5 октомври, 2015 година.   Бајато, многу бајато. Освен тоа многу лажно и манипулативно. За да биде несреќата  уште поголема, фатени се во лага која ниту самите не знаеле како да ја камуфлираат, па уште во воведот на веста

Чаршиски извори и прашања на погрешна адреса

на 12. 10. 2016 | |
 

[Рецензија: БАКРАЧЕСКИ ПАУН НИКОЛА И НЕГОВАТА ОПШТИНСКА ОЛИГАРХИЈА ГО ЗАРИБАЛЕ ЦЕЛ ВОЗЕН ПАРК НА ОПШТИНА ОХРИД!]

  Квалификацијата „општинска олигархија“ го прави тендециозен насловот, во кој се презентираат тврдења за злоупотреба на општински ресурси. Во самиот напис има само еден факт, а тоа се деталите од прес-конференција во 2013 година. За сите други тврдења не се презентирани докази, нема изјави ниту, пак, е наведен изворот на информациите.     Линк до оригиналниот напис: БАКРАЧЕСКИ ПАУН НИКОЛА И НЕГОВАТА ОПШТИНСКА ОЛИГАРХИЈА ГО ЗАРИБАЛЕ ЦЕЛ ВОЗЕН ПАРК НА ОПШТИНА ОХРИД! Датум и време на објавување: 06.10.2016 Датум на рецензирање: 10.10.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ДИСКРЕДИТАЦИИ УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ

Воведот на текстот е коментаторски, со формулации видно насочени кон лична дискредитација. Се