verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Евтина шпекулативна приказна

on 5 - 10 - 2016       

dokazm-mk-dali-solza-i-dvete-nejzin_-http___www-dokazm-mk_dali-solza-i

[Рецензија: Дали Солза и двете нејзини алапачи ќе станат пратенички на Ивон од ЛП?]

 

Текстот е шпекулативен, без никаква поткрепа на изнесените податоци, а истовремено коментира и навредува. Објавата има навредлива интонација и е правена со идеја да ги оцрни споменатите пратенички.

dokazm-mk-dali-solza-i-dvete-nejzini-alapachi-kje-stanat-pratenichki-na-ivon-od-lpЛинк до оригиналниот напис: Дали Солза и двете нејзини алапачи ќе станат пратенички на Ивон од ЛП? 

Датум и време на објавување: 01.10. 2016

Датум на рецензирање: 03.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ШПЕКУЛАЦИЈА

„Дознаваме дека Солза Грчева изминатава недела скоро секој ден седела со Ивон Величковски од Либерална во еден познат скопски кафич, да не случајно таа и нејзините две колешки Роза и Буралиева пред крај сменат статус од слободни пратенички во компликејдед врска со Ивон, он млaдо пиле, а тие стари коки, а?“

Написот, според категоријата во која е објавен, би требало да спаѓа во новинарскиот жанр „вест“, но според својата структура, не би можело да се стави во ниту еден жанр, па вклучително ни во „флеш вест“, која е кратка првична информација што подоцна најчесто се разработува во подолга вест.

Изворот на информацијата никаде не е наведен, односно не е лоциран. Дури и во случаи кога изворот сака да биде анонимен, се лоцира од каде се изворите, на пример, со „дознаваме од извори блиски до независните пратенички“, „од Либералната партија“…

Наводната електронска порака, пак, на која се повикува написот, треба да биде прикажана со принтскрин и со прикривање на испраќачот доколку тоа изворот го бара. Вака објавена, повеќе наликува на измислена порака.

 

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Исто така, проблематично е и тоа што во написот не е прикажана втората страна на приказната. Пласираната (дез)информација не е проверена ниту во Либералната партија, ниту кај независните пратенички. Тоа што, наводно, биле видени на кафе, по автоматизам не значи и дека се договара некаква коалиција, соработка или слично. Можеби навистина се договарале, но можеби и не е така, затоа треба да се проверат добиените сознанија.

Речникот што се употребува во текстот  е навредлив. Жаргонскиот говор е дозволен во полесните новинарски категории, како „Забава“, особено во озборувачките (трач) вести, но и во тие случаи не се дозволува етикетирање или навредување, како што тоа се прави во написот што го рецензираме, каде се користат термините „алапачи“ и  „стари коки“.

Еден коректно сработен новинарски производ мора да ги почитува начелата на Кодексот на новинарите, кој е дециден дека новинарот мора да го наведе изворот, да ја провери информацијата, да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот и да ја негува културата на говорот и етиката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести