verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само да се нападне Ховит

on 5 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[ Рецензија: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е политички мотивиран и тенденциозен, што се гледа уште од самиот наслов. Тој има цел да го нападне и да го дискредитира британскиот европратеник Ричар Ховит, кој како член на сестринска партија на СДСМ му даде поддршка на Заев за изборите кои треба да се одржат во декември годинава.

hovit-i-sdsm-brak-od-interes-na-shteta-na-makedonija-zurnal-netЛинкуван наслов на оригиналниот напис: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија

Датум и време на објавување: 04.10.2016

Датум на рецензирање: 05.10.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

„ГРЕВОТ“ НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ!

Написот уште на почетокот го напаѓа Ховит:

„Искористувајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП за напредокот на Македонија, а во рамки на прошталната посета, Ховит отворено застана зад политиките на СДСМ во македонското предизборие. Зборувајќи на партискиот конгрес, тој отворено им посака успех на изборите, без задршка насочувајќи се против конзервативните партии“.

Што има лошо во тоа ако некој европратеник поддржува одредена партија во Македонија? Дали е тоа противзаконски? Ништо во текстот не е објаснето. Се напаѓа Ховит, а нема никакви цврсти и логички аргументи за тоа.

Европратеници од сестрински партии и во минатото изразувале поддршка за македонски партии и тоа отворено го кажувале, па дури и присуствувале на нивни митинзи.

Така, на пример, на изборите во 2011 година, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, говореа германскиот европратеник Бернд Поселт и Италијанците Антонело Антиноро и Алфредо Антиниоци. Во 2008 година, на партиските телевизиски реклами можеа да се видат европратениците Алојз Петерле, Рикардо Вентре, Марчоле Вернора. И тоа никој не го осудил ниту, пак, е спомнато како факт некаде во овој напис.

 

СПИН

Подолу во текстот се гледа вистинската причина за ваквите напади. Поддршката на Ховит за СДСМ се поврзува со негативните извештаи на ЕП за Македонија.

„Оттука, нема сомнеж дека секое негативно влијание на Ховит во извештаите за Македонија во Европскиот парламент беа многу повеќе израз и желби на Заев и на Шекеринска од СДСМ, отколку извештаи кои ја пренесуваат реалната состојба во земјата“.

За тоа што Македонија добивала критики, виновни биле Заев и Шекеринска, а не Владата. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ова е очигледен спин и манипулација со јавноста.

Материјалот има цел да го дискредитира Ховит само затоа што е поддржувач на политиките на опозициската партија. Друга основана причина за нападите кон него, нема.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести