verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст без два основни стандарди може да биде само „жолт“

on 6 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-62-ministerot-cvetkov-se-iznerviral-i-zab_-http___www-libertas-mk_ministerot
Иако професионлниот стандард на наведување извор(и) во македонските медиуми е усвоен пред многу години, сè уште среќаваме написи без никакви извори на информации и такви во кои изворите не се именуваат или погрешно се лоцираат за да се заведе читателот. Но, исто така, сериозен проблем е и користењето на еден или истородни извори, без да се почитува етичката обврска да се сослуша и другата страна. Таков е и овој напис, кој е едностран, со многу прашалници, уште повеќе неаргуменитрани и непроверени тврдења и сето тоа без извори.

minister-za-zemjodelstvoЛинкуван наслов на оригиналниот напис: Министерот Цветков се изнервирал и забранил да му даваат кафе на заменикот Николовски, немал заслужено

Датум и време на објавување: 4.10.2016, 18:45

Датум на рецензирање: 06.10.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

Вистина е дека текстов има интересен наслов, ама е многу лошо и пристрасно сработен. Пристапот е крајно непрофесионален, со недвосмислена оцрнувачка нишка:

„На средбата на која биле присутни соработниците на Николовски, како и вработени во правната служба, Цветков почнал да вика, по што и упатил наредба на жената која донела кафиња за гостите, да не му дава кафе на Николовски, бидејќи, како што рекол, немал заслужено. Откако таа сепак му оставила кафе и на Николовски, Цветков го тргнал од пред него велејќи му дека тој нема ништо направено за земјоделците и нема да пие кафе во неговиот кабинет, дознава Либертас“.

Со доследна примена на принципот на наведување на изворите, новинарот ја „ѕида“ веродостојноста на фактите што ги соопштува и ја освојува довербата на читателот. Написите во кои овој принцип воопшто не се почитува, а се изнесуваат понекогаш и жестоки и обвинувачки тврдења, тешко може да се сметаат за веродостојни.

Прво што паѓа в очи кога се чита овој текст, е отсуство на доволно факти, отсуство на извори кои се користени (макар и приближно посочени), практично – отсуство на вест. Оти не е вест дека министерот и заменскиот министер не се во најдобри односи, исто како што, впрочем, тоа се случува во сите минисерства кои беа подложни на новите правила и на новиот Закон за влада.

Ако со текстот се имало намера да се дадат детали до каде може да оди ова несогласување, како куриозитет, и тоа би било прифатливо, но притоа морало да се води сметка за целосното потврдување на настанот со употреба на принципот на втората страна – како што е пропишано со членот 1 до Кодексот на новинари на Македонија и со лоцирање на изворите, како што налага членот 4 од истиот Кодекс.

Кога еден новинарски призвод ги употребува зборовите дознава и ништо повеќе околу тоа, како и од кого дознава, веднаш се раѓа сомнеж во вистинитоста и во вердосотојноста на настанот и на фактите.

Вака напишан текст со сензационалистички наслов и безмалку никакво почитување на професионалните стандарди, упатува на можноста дека е направен токму така заради привлекување на број на читатели, но, не се исклучува ниту опцијата за дискредиитација на една личност, а преку нејзе и на политичка опција и прикажување на другата како жртва на која не ѝ даваат ниту кафе.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести