Натежнува од вулгарност
Објавено во Рецензии
on 4 - 10 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: МА ДАЈ НЕМОЈ ДА МЕ Ј…Ш – ФИКУС, РЕЖИМСКИ ОЛИГАРХ ….]
Оваа објава натежнува од вулгарности и не заслужува да се нарече новинарски производ. Еден професионално сработен текст мора да се придржува до принципите на етички исправното новинарство, во кое нема место за недолични зборови и за пцости.
Линк до оригиналниот напис: МА ДАЈ НЕМОЈ ДА МЕ Ј…Ш – ФИКУС, РЕЖИМСКИ ОЛИГАРХ ….
Датум и време на објавување: 29.09.2016
Датум на рецензирање: 02.09. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
ПРОСТОТИЛАК
Предолгиот наслов со кој е врамен овој материјал е преполн со навреди, етикети и се граничи со примитивизам. Ваква насловна конструкција не би можела да помине ниту на блог, а не заслужува да биде пласирана ниту како статус на социјалните мрежи.
Истата навредлива интонација ја имаат и четирите реда, од колку што се сосотои „веста“ од која извира простотилак. Според категоријата во која е објавен материјалот, тој би требало да биде вест, но освен првата реченица – која пренесува информација за одржан настан, другиот дел е личен коментар кој не е поткрепен со факти и изобилува со погрдни зборови.
„Претседателот направил прием на редакцијата на ТВ НОВА?!?!?!
Ауу, за едни клуч и апс за целиот менаџмент, а за други прием официјалне од претседателот во вилата на Водно?!?!?!
Како бе не ви е срам бре бандо една к..винска очајна бесрамна?!?!
И овој Астма на кое дереџе падна туго мајко туго… Уште еден А1 предавник и давај..з!“
Добрата новинарска практика подразбира користење на стандарден литературен јазик и не дозволува употреба на недоличен говор полн со навреди и со омраза, како што е случај со објавата што ја рецензираме и која заслужува негативна оценка.
Оваа медиумска содржина е така напишана и пласирана што со неа се кршат повеќе членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои:
Член 10.
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Член 13.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Член 14.
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Член 15.
Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Член 16.
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
на граница на говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови