verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Плукање по неподобните за власта

on 3 - 10 - 2016       

dali-vo-berovo-se-kroi-sharenata-esens_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_d

[Рецензија: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?]

 

Крајно шпекулативно четиво. Производ што треба да одговори на нечиите потреби да докаже и да покаже заговорничка шема во Македонија со СЈО во нејзиниот центар. Материјал што безочно ја злоупотребува својата позиција и наместо да информира, манпипулира и стигматизира одредена група луѓе, чиј заеднички содржател е дека власта многу „не ги мириса“.

1111Линк до оригиналниот напис: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?

 Датум и време на објавување: 25.09.2016 17:34 

 Датум на рецензирање: 30.09.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРАШАЊА НАМЕСТО ОДГОВОРИ

Ова е напис на „климави“ темели. Стои на „стаклени нозе“. Вистинитоста е крајно компромитирана зашто на главните пласирани тези, наместо одговори, се нудат прашања. Неразбирливо! Ако веќе се нудат ексклузивни фотографии од т.н. поддржувачи на „Шарената револуција“ како собрани во Берово, наводно, коваат стратегија за некаква жешка есен, зошто тогаш докрај не е разработена приказната, зошто целосно не е истерана работата. Каде се дополнителни информации за типот на настанот на кој биле, каде се инсајдерски податоци (ако ги имало воопшто), каде се извори, па макар и анонимни, конечно каде се самите споменати лица со изјава, демант, да кажат, да образложат зошто се во Берово. Ништо од тоа! Сè се сведува на неколку фотографии и толку.

Терминот „шпекулација“ во речникот на „Кембриџ“ е опишан како „активност за нагаѓање можни одговори на прашања без притоа со сигурност да се имаат доволно информации“. 

„Дали оваа викенд средба е поврзана со веќе закажаните протести во понеделник или советување и консултирање кои насоки да им се дадат на Катица Јанеца и СЈО?

 

Дали СОРОС своите перјаници ги шета по луксузни хотели и спа центри каде што полн пансион чини повеќе од 100 евра…“

Дали е ова шпекулација? Ќе бидеме покоректни од рецензираниот текст кој само прашува и ќе дадеме одговор: „Да!“

А еве, пак, што вели Кодексот на новинарите за пристапот темелен на шпекулации:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

 

МЕТОД НА СУПСТИТУЦИЈА

Се забележува своевиден квазиметод на супституција – недостигот од факти се надоместува со засилено присуство на коментари, кои не носат ништо позитивно, напротив само го „бетонираат“ впечатокот за напис координиран од локација која најверојатно не е редакција:

„Дали СОРОС своите перјаници ги шета по луксузни хотели и спа центри каде што полн пансион чини повеќе од 100 евраЗа „порелаксирано“ да се координираат како да продолжат со дестабилизација на државата  и можеби ново одложување на изборите, затоа што главната пропагандна тупаница (СЈО) на СДСМ олицетворена во ликот на специјалната Катица Јанева деновиве доживува дебакл пред „нелегитимните“ пратеници на македонското Собрание? Или ова е само еден од начините за „легитимно“ исплаќање на хонорари, под име на одржани обуки, за уличарењето кое претстои?“

Сè на сè: спин, нарачка во заговорничка форма за медиумска егзекуција на неколкумина избрани според критериумот неподобни за власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести