verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Професионализмот се „суши“, а воајеризмот „не пие“ вода

on 30 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-59-reis-sulejman-rexhepi-bashke-me-hoxhal_-http___www-tetovasot-com_2016_09_r

 

Напис: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис Сулејман Реџепи, заедно со неколку оџи денеска престојувалe на Попова Шапка. Според една слика што кружи на социјалните мрежи, реисот заедно со оџите имаат многу мерак за месото, затоа и објавиле заедничка слика со преполната трпеза со месо.

Не се знае дали е дозволено да се постираат овие фотографии на социјалните мрежи, бидејќи повеќето муслимани немаат ни леб на нивните трпези, а реисот заедно со неколку оџи изгледа играат со сиромаштијата на муслиманите.

 

[Рецензија: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо]

Во суштина, новинарот не треба да биде предводен од „мирисот на месото“. Мисија на новинарството е јавниот интерес, но во поинаква смисла од „логиката“ на продукциите на содржините во жолтиот печат. Јавен интерес не е што јадат раководителите по разни институции, макар да биле тие и верски, туку што и како работаат тие. Има случаи кога и богатите трпези може да бидат предмет на јавниот интерес во моменти кога има сомнежи дека сметката се плаќа со злоупотребени пари. Меѓутоа, и таквите сомнежи, пред да се објават, треба да се потврдат и да се докажат.

download

Линк до оригиналниот напис: „Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо

Датум и време на објавување: 26.09.2016

Датум на рецензирање: 27.09.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме преку поставената трпеза на која учествува и реисот Сулејман Реџепи се обидува да постави една теза за неговата неодговорност кон верниците.

„Не се знае дали е дозволено да се постираат овие фотографии на социјалните мрежи, бидејќи повеќето муслимани немаат ни леб на нивните трпези, а реисот заедно со неколку оџи изгледа играат со сиромаштијата на муслиманите“.

И ако мисли дека има право, новинарот во ниеден момент не смее да си даде право себеси да пресуди од една фотографија, без да покаже докази и дополнителни аргументи за тоа што ќе го пренесе како вест.

Ручеците или вечерите на претставниците на верските институции не се секогаш интерес на јавноста. По кој повод е направена оваа фотографија, дали е службена забава или приватна? Дали навистина е направена некоја злоупотреба? Што кажува за ова споменатиот, некој од другите лица на фотографијата? Што може да кажат експертите од оваа област, теолозите? Што мислат за ова самите верници? Недостигот од одговори за овие прашања во оваа содржина, покажува дека веста е направена повеќе за сензација и за добивање неколку кликови повеќе, а не за да се понуди како структуриран, објективен, сеопфатен и непристрасен новинарски производ.

Во Етичкиот кодекс на новинарството јасно се истакнува дека јавниот интерес опфаќа информации што може да придонесат во откривање на кривичните дела, злоупотребата на службената положба, загрозувањето на демократијата, корупцијата, случаите на неправди, загрозувањето на човечките права, дискриминацијата, загрозувањето на здравјето и безбедноста на луѓето, невнимателноста и/или неспособноста на јавните функционери.

Јавниот интерес, исто така, вклучува и информации што им помагаат на луѓето да направат одлуки од јавен карактер и ја спречуваат измамата или манипулацијата со населението со изјави или дела од поединци или организации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

комерцијална пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

иронизира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести