verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само од фејсбук-статус не се прави текст

on 28 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-56-panov-kupil-stan-vo-skopje-od-firma-_-http___www-brif-mk_panov-kupil-sta
Овој напис покажува како не треба да изгледа еден текст. Само од статус на „Фејсбук“ не може да се направи текст, тоа може да биде само иницијална каписла. На ваква објава не може да ѝ се верува безрезервно, без разлика од кого доаѓа.

 

panov-stanoviЛинк до оригиналниот напис: Панов „купил“ стан во Скопје од фирма што има склучено тендери со општината во висина од половина милион евра

Датум и време на објавување: 24.09.2016, 12:28

Датум на рецензирање: 28.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

А ВТОРАТА СТРАНА?

Овој текст губи од професионалноста со тоа што фејсбук-статус од висок функционер на СДСМ е земен здраво за готово и е пласиран како новинарски текст. Притоа насловот е категоричен според тврдењето, без воопшто да остави можност дека сè што е наведено би можело да биде политичка пресметка, а не вистина.

За да биде ова новинарски текст, морало малку повеќе да се вложи труд. Како прво, да се запази правилото на втората страна. Најверојатно, ако се побарало одговор од градоначалникот или од Општина Кавадарци, ќе добиеле одговор. Но, според текстот, тоа не е сторено. Напротив, се гледа дека е ископиран цел фејсбук-статус, како и фотографијата, и толку.

Втората работа што можела да се направи е да се провери во Агенцијата за катастар или во Општина Кавадарци каде што има евиденција за имотите на функционери. Исто така, можеле да ја консултираат и веб-страницата на Атникорупциската комисија, каде има пријави за анкетните имоти на јавните функционери, меѓу кои и на градоначалниците.

Сè на сè, целиот текст е шпекулација, за наводни подароци. Со овој текст не само што се урива угледот на градоначалникот на Кавадарци, туку и на компанијата која е спомната. Затоа и констатираме дека станува збор за еден целосно непрофесионален текст, кој нема допирни точки со новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести