verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Верата е лична работа, а не јавен интерес!

on 28 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-55-jozyrtarisht-zhurnal-meson-se-osmani-apo-sic_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис: Журнал неофицијално дознава дека Османи или како што е познат во јавноста „Скитникот“ ја напушта исламската вера, ги преферира калуѓерките?!

Скопје, 23 септември – Еден механичар или, како што се нарекува оваа професија во дијаспората, „уличар“, со последната фотографија споделена на социјалните мрежи се зборува дека ја сменил верата, известува „Журнал“ од сигурни извори.

Според неофицијалните информации што пристигнаа до нашата редакција, Скитникот одлучил да ја смени верата за што потврдува и фотографијата откриена во последно време, на која Скитникот се гледа меѓу две калуѓерки.

Досега Скитникот имал многу професии. Почнал да работи како механичар во дијаспората, каде што и работи и живее, потоа почна да работи како независен аналитичар, при што го анализираше секој настан и даваше коментари како од аут без да ја умори главата, бидејќи секако за да се умори главата и да се анализира не треба да се уморува секој ден во фабриките за автомобили во Европа, и потоа мажиштето се прогласи за кандидат за пратеник и тоа независен (пачавра) кандидат, но според информациите што ги поседува „Журнал“ и тој одлучил, како неговиот пријател (Муки) да премине во редовите на СДСМ и да се продава исто како лажен патриот!

Инаку, Османи кој е роден во едно кумановско село, моментално живее и работи во малата држава Лихтенштајн, каде повеќето жители припаѓаат на христијанската вера. Изгледа Османи поради тесните интереси ја претпочита христијанската вера, дури и јавно ги промовира калуѓерките, и на ниеден начин нема храброст да ја промовира исламската вера. Ова јасно докажува дека Османи повеќе претпочита да гледа кон огромниот крст отколку кон џамијата.

Фотографијата што тој на објавил неодамна претставува еклатантен доказ како се фаворизира христијанската религија за тесни лични интереси.

 

[Рецензија: Журнал неофицијално дознава дека Османи или како што е познат во јавноста „Скитникот” ја напушта исламската вера, ги преферира калуѓерките?!]

Изгледа на непрофесионалните медиуми не им е грижа кога чепкаат по приватните работи, дури и кога станува збор за верата или верското убедување. Ова го потврдува овој текст, со многу коментари, удари и со ниски епитети. Новинарството подразбира информирање, а не дискредитирање.

Текстот што го рецензираме ја навредува и ја дискриминира споменатата страна од верски аспект. Дури, за да го докаже недостигот на професионалност, во текстот воопшто не е побаран став од „Скитникот”.

„Еден механичар или, како што се нарекува оваа професија во дијаспората, „уличар“, со последната фотографија споделена на социјалните мрежи се зборува дека ја сменил верата, известува „Журнал“ од сигурни извори. Според неофицијалните информации што пристигнаа до нашата редакција, Скитникот одлучил да ја смени верата за што потврдува и фотографијата откриена во последно време во која Скитникот се гледа меѓу две калуѓерки“.

„Новинарот ќе се придржува до прифатените општествени стандарди што имаат врска со достоинството и со почитувањето на етничките, културни и религиозни разлики во Македонија“, – Етички кодекс на новинарите.

„Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите Етички кодекс на новинарите.

 

jozyrtarisht-zhurnal-meson-screenshotЛинк до оригиналниот напис:Журнал неофицијално дознава дека Османи или како што е познат во јавноста „Скитникот” ја напушта исламската вера, ги преферира калуѓерките?!

Датум и време на објавување: 23.09.2016

Датум на рецензирање: 25.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

Новинарот треба да ја негува културата на зборување и етиката. Недоличната комуникација со јавноста нема воопшто врска со новинарската професија“ – Етички кодекс на новинарите.

 

„Досега Скитникот имал многу професии. Почнал да работи како механичар во дијаспората, каде што и работи и живее, потоа почна да работи како независен аналитичар, при што го анализираше секој настан и даваше коментари како од аут без да ја умори главата, бидејќи, секако, за да се умори главата и да се анализира не треба да се уморува секој ден во фабриките за автомобили во Европа, и потоа мажиштето се прогласи за кандидат за пратеник и тоа за независен (пачавра) кандидат, но според информациите што ги поседува „Журнал“ и тој одлучил, како неговиот пријател (Муки) да премине во редовите на СДСМ и да се продава исто како лажен патриот!“

Прашањето за верата на едно лице не треба да биде основа за вест, особено не во овој контекст. За јавноста во овој случај не е важно во што верува или не верува споменатата личност. На крајот на краиштата, сликата, врз чија основа е направена оваа содржина, не е релевантна во доволна доза за да се докаже тоа што се вели во текстот. Сè додека информацијата дадена врз основа на фотографијата не е потврдена или демантирана од споменатата страна, имаме работа со потенцијална клевета. Освен тоа, во овој случај, може да зборуваме и за еден поттекст, кој иако не отворено, поттикнува негативни чувства кон една вера, потценувајќи ја наспроти „омилената“ религија.

„Инаку, Османи кој е роден во едно кумановско село, моментално живее и работи во малата држава Лихтенштајн, каде повеќето жители припаѓаат на христијанската вера. Изгледа Османи поради тесните интереси ја претпочита христијанската вера, дури и јавно ги промовира калуѓерките, и на ниеден начин нема храброст да ја промовира исламската вера. Ова јасно докажува дека Османи повеќе претпочита да гледа кон огромниот крст отколку кон џамијата. Фотографијата што тој на објавил неодамна претставува еклатантен доказ како се фаворизира христијанската религија за тесни лични интереси“.

Освен дискриминаторскиот, понижувачки и нималку професионален текст, имаме уште една друга доза на провоцирачки текст, каде се спомнати и други фигури кои воопшто немаат врска со прашањето што се третира. Барем сè додека не се потврди такво нешто како што тврди авторот, можеме да кажеме дека текстот е тенденциозен и има цел да го извалка името на едно лице или двајца, што се спомнати во написот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

поттикнувачки говор

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација, политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести