verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Недоличен и омаловажувачки текст

on 3 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија]

 

Текстот што е предмет на оваа анализа е чисто коментаторски, тенденциозен, навредлив и дава констатации кои никако не може да ги потврди со факти. Во овој материјал, пишуван во недоличен тон,   портпаролот на опозицискиот СДСМ, Петре Шилегов, се нарекува „палјачо“. Без разлика колку некој не се согласува со одредени постапки, однесувања, мислења и дела на Шилегов, во еден текст  никако не смее да се дозволи употреба на таков навредлив речник.

foto-opoziciskiot-paljacho-shilegov-ja-brani-nesposobnata-katica-so-haiku-poezija-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија

Датум и време на објавување: 29.09.2016, 18:28

Датум на рецензирање: 02.10.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ТЕНДЕНЦИОЗЕН И НАВРЕДЛИВ ТОН

Текстот тврди дека Шилегов поседува „ајфон“ од 2.500 евра, но не нуди доказ за тоа, па остава впечаток дека (дез)информацијата се пласира за тој да се претстави во негативно светло.

„Златните ајфони од 2.500 евра му овозможуваат на Петре Шилегов постојано да биде приклучен на интернет и брзо и навремено да ја објави секоја досетка, а особено ако таа ѝ оди во прилог на партиската пуленка Катица Јанева“.

Освен Шилегов, мета на овој нагласено тенденциозен напис е и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за која се коментира дека е неспособна и дека е „партиска пуленка“. И овие коментари се извадени од ракав и нафрлени без никакво образложение или потврда за вистинитост.

Освен дека е „партиска испостава“, СЈО се обвинува и за уривање на легитимните институции на државата. Ваквите напади се поради тоа што СЈО до Кривичен суд, поради безбедносни причини, доставило кодиран мемориски стик. И ова е единствената причина, институцијата која е воспоставена да се бори против криминалот и да ја изнесе правдината на виделина да се нарече „неспособна“ .

Како капак на сè, на Шилегов му се забележува што напишал свое мислење на неговиот личен фејсбук- профил, како тоа да е голем грев. А, затоа што, пак, мислењето го напишал во три реда, со потценување и со исмевање во написот се вели дека тоа било „хаику поезија“, иако хаику е јапонска поема која обично ја опишува природата и е составена од три стиха и од 17 слогови, а не статус на „Фејсбук“ од три реда.

Ваков недоличен и манипулативен текст наменски се користи за омаловажување и за лична пресметка, што е апсолутно недозволиво според Кодексот на новинари.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести