Рецензии

Јанева никогаш не се залагала за двојазичност

на 23. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците!]

    Ова е уште еден текст од серијата напади на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа е под постојана „тортура“ од медиумите наклонети на владејачката партија, кои без грам професионалност штанцаат текстови за да ја дискредитираат. Таков е и овој текст. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците! Датум и време на објавување: 22 Септември 2016, 14:12 Датум на рецензирање: 23.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЈАНЕВА

„СЈО и Јанева покажа незнаење за тоа што е демократија и политички систем. Не знаете што е по Устав

Ред етикети, ред навреди, а никаде факти

на 23. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ ШТО СЕУШТЕ МИ АПЛАУДИРАТЕ, КОИ СТЕ ВИЕ ТОА ЛУДАЦИ?!?!]

  Објавата е срамно да се нарече новинарски производ, имајќи предвид дека во неа се кршат повеќе професионални и етички стандарди. Полна е со навреди, етикетирања и со тенденциозни коментари кон поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката партија, Никола Груевски. Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ

Весела математика во служба на пропаганда на власта

на 23. 09. 2016 | |

[Рецензија: Телма во мртва трка за послушност кон Заев: 30 % повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ]

  Основната теза врз која е граден овој текст  е невистинита. Поточно, се работи за манипулација со факти која не може да се оправда со неразбирање или нецелосно достапни информации бидејќи бројките и табелите што се во самиот текст, со кои се илустрира тезата за наводната пристрасност на телевизија „Телма“ кон опозицискиот Социјалдемократски сојуз, зборуваат нешто сосема друго. Линк до оригиналниот напис:  Телма во мртва трка за послушност кон Заев: 30 % повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 18.09.2016, 13;46 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска   Веќе површно читање на овој напис ќе укаже

Јанева не смее ни апче да се напие!

на 22. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?]

  Ова е еден срамен текст, надвор од сите норми и правила, кој во никој случај не може да се нарече новинарски. Текстот има цел да ја навреди специјалната обвинителка Катица Јанева, да ја претстави како психички нестабилна личност, доведувајќи ја на тој начин во прашање нејзината способност да си ја врши функцијата за која е избрана. Линк на оригиналниот напис: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена? Датум и време на објавување: 21.09.2016 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А  МОЖЕ

Неосновани обвинувања за директорката на УЈП

на 22. 09. 2016 | |

Текстот што е предмет на рецензија изнесува низа обвинувања против директорката на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска, за кои нема никакви докази. Се пишуваат лични навреди, но и низа непотврдени информации за нејзината компетентност како директор на оваа институција. Од насловот на текстот не може да се утврди која е Анастасија Илиеска, зашто не сите граѓани се информирани кој е прв човек на УЈП, а уште помалку зошто таа „ја растура оваа институција“. Напишан во еден „разговорлив“ стил, без докази и аргументи, текстот останува во сферата на шпекулации и „рекла-кажала“ муабети.
Линк до оригиналниот наслов:  Анастасија Илиеска го растура УЈП Датум и време на објавување: 20.09.2016 Датум на рецензија: 22.09.2016 Рецензент: Силвана Жежова На почетокот на текстот воопшто не

Необјективен коментаторски извештај претставен како вест

на 22. 09. 2016 | | sq

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, деновиве е во „барабан“ на провладините медиуми со критики и so напади. Секојдневно се девалвира нејзината личност, а тоа се прави преку написи кои се непрофесионални и во најголем дел коментаторски. Таков е и овој текст. Без аргументи се напаѓа Јанева, а притоа нема ниту збор за тоа дека постојат и спротивни ставови. Сето тоа се прави со извртување на фактите, кои потоа се коментираат.   Линк до оригиналниот напис: Арогантната Катица Јанева бара да не ѝ се поставуваат многу прашања Датум и време на објавување: 21.09.2016, 12:48 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   „Додека траеше репликата на Димовски, Катица Јанева покажа крајно непочитување кон пратениците и Собранието со што се дрзна без

Не смее Шекеринска да се вработи во СДСМ?!

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата]

  Текстот што го анализираме изразува чудење и неодобрување како е можно заменик-претседател на една партија да биде вработен во истата. Има закон што го забранува ова?! Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, не извршува никаква јавна фукнција, па тоа да се коси со нејзиното вработување во партијата. Линк до оригиналниот напис: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата Датум и време на објавување: 17.09.2016, 10:22 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ОБЈАВЕНА И ПЛАТАТА ШЕКЕРИНСКА

Иако нема официјална потврда од СДСМ, написот, сепак, без докази тврди дека Шекеринска е вработена во партијата,

Малициозна објава

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд]

  Малициозност – тоа е главната карактеристика на конкретниот текст, секако, надградена и проширена со сериозно ниво на спин, но и со перфидно дозирана дискриминација поради сексуална ориентација.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд  Датум и време на објавување: 17.09.2016, 22:46  Датум на рецензирање: 20.09.2106  Рецензент: Владимир Мирчески  

 КОМУ МУ ПРЕЧИ ТУПАНИЦАТА?

 Крената тупаница е симбол што се користи одамна. Во некои текстови потеклото се поврзува со Шпанската граѓанска војна, во која овој знак го користеле комунистичките борци кои на тој начин сакaле да покажат единство и сплотеност, но и пркос наспроти фашистичкиот поздрав со

Злонамерни и неосновани обвинувања

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ!]

  Неосновани обвинувања за наводни средби со криминалци и со терористи немаат место во каква било објава насочена кон јавноста, најмалку во новинарски текст. Имаме едностран напис, ставен во функција на оцрнување на личност која неодамна се приклучи кон најголемата опозициска партија, а истовремено во него се напаѓаат и други членови на СДСМ. Повикот за прозваните да се изјаснат за обвинувањата не е оправдан со нотирање дека редакцијата направила обид да ги контактира. Линк до оригиналниот напис: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ! Датум и време на

Вест, коментар, став на редакцијата или лично мислење?

на 22. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Комуникацијата на ДУИ со медиумите е „мртва“?! Како начин на информирање го избрале „Фејсбук“! 

Скопје, 16 септември–Пред неколку дена во дневниот македонски весник „Дневник“ беше објавена веста дека Заев повторно ја афирмира понудата за вонсобраниските албански партии за коалиција за уривање на власта на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ова го нагласил и самиот Заев во едно интeрвју за „Нова ТВ“. Медиумите дури напишале и дека ДУИ отфрлила секаков вид предизборна соработка со СДСМ. Потоа се вели дека од партијата на Ахмети му порачуваат на Заев дека коалиција со македонска партија е можна само доколку се подржуваат позициите на ДУИ за отворените прашања од Охридскиот договор. Но, анализирајќи го последниот пасус „од партијата на Ахмети на Заев му порачуваат