verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ред етикети, ред навреди, а никаде факти

on 23 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

maktel

[Рецензија: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ ШТО СЕУШТЕ МИ АПЛАУДИРАТЕ, КОИ СТЕ ВИЕ ТОА ЛУДАЦИ?!?!]

 

Објавата е срамно да се нарече новинарски производ, имајќи предвид дека во неа се кршат повеќе професионални и етички стандарди. Полна е со навреди, етикетирања и со тенденциозни коментари кон поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката партија, Никола Груевски.

maktelЛинк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ ШТО СЕУШТЕ МИ АПЛАУДИРАТЕ, КОИ СТЕ ВИЕ ТОА ЛУДАЦИ?!?! 

Датум и време на објавување: 19.09. 2016

Датум на рецензирање: 22. 09. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАСЛОВ ОД НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ!

Материјалот е проблематичен уште со изборот на  самиот таканаречен наслов. Тој е составен од неколку реченици, кои неправилно се поврзани со интерпункциски знаци. Во километарската пресложена насловна конструкција се изнесени лични ставови, констатации кои не се поткрепени со факти, но и навреди. Ова е само најава за тоа што може да се очекува во написот.

Според категоријата во која е ставена објавата, таа би требало да биде вест, што значи информација која се темели на факти, но тоа во конкретниот случај не е така. Текстот, кој се темели на краток видеозапис од обраќање на Груевски, повеќе наликува на коментар. Меѓутоа, сепак и за овој новинарски жанр постојат правила кои мора да се почитуваат. Во случајот, коментарорската вест повеќе наликува на маалски озборувања, отколку на сериозен текст. Вака концепиран не заслужува да биде објавен ни на блог, а не, пак, на портал.

„Во погледот како да му се читаше очај, лудило, болест, психопатија, патологија, како да се потсмеваше со присутните, како да не му се веруваше дека уште се собрале и после се за да му аплаудираат, како да имаше и доза на уживање некое нездраво со тоа што уште се флупира иако деновите му се избројани и сето тоа што ќе го каже во говорот не само што нема да има можност да го оствари туку нема ни намера да го остави и ако некој го оствари он за тоа ќе гледа и слуша од некоја ќорка во Идризово…“

Овој пасус изгледа како фрагмент од петпарачка приказна. За момент би можеле да помислиме дека, евентуално, станува збор за репортажно пренесување на одреден настан, каде авторот преку своите лични доживувања ја опишува атмосферата и опкружувањето. Сепак, тоа не е случај, затоа што авторот не е присутен на местото на настанот, туку информира од снимка објавена на интернет. За потсетување, објавата, според категоријата, би требало да биде вест, ниту коментар, ниту репортажа, а во ниту еден од овие новинарски жанрови не е дозволено етикетирање, навредување, а уште помалку изнесување на неосновани информации.

Со ваквиот начин на пишување се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинарите:

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 14.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Член 15

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести