verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не смее Шекеринска да се вработи во СДСМ?!

on 22 - 09 - 2016       

press-24

[Рецензија: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата]

 

Текстот што го анализираме изразува чудење и неодобрување како е можно заменик-претседател на една партија да биде вработен во истата. Има закон што го забранува ова?! Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, не извршува никаква јавна фукнција, па тоа да се коси со нејзиното вработување во партијата.

kurir-zoran-zaev-ne-sakal-radmila-shekerinska-da-ostane-gladna-ja-vrabotil-i-nea-vo-partijata-press24Линк до оригиналниот напис: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата

Датум и време на објавување: 17.09.2016, 10:22

Датум на рецензирање: 22.09.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ОБЈАВЕНА И ПЛАТАТА ШЕКЕРИНСКА

Иако нема официјална потврда од СДСМ, написот, сепак, без докази тврди дека Шекеринска е вработена во партијата, па дури го објавува и датумот на нејзиното вработување, а и висината на нејзината плата. Ваква информација, ако не е добиена од партијата, може да даде само Управата за јавни приходи, а не да се добие неофицијално како што се тврди во текстот.

Во текстот се спомнува и нејзиниот сопруг, Божидар Јанковски, и аферата со издавањето станови, иако сè уште нема пресуда за тој случај и не е потврдено дека тој навистина направил злоупотреба на службената положба и овластување.

„Според пресметките кои ги направи Press24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари“.

 

И СУДИЈА И МАТЕМАТИЧАР И ДАНОЧНИК

Покрај тоа што се става во улога на судија, написот глуми и математичар и без релеавнтни докази, документи или каква било потврда, прави пресметка со која го обвинува Јанковски за затајување данок. Не е јасно како  медиумот пресметувал за да дојде до напишаните суми.

„Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него“.

Тука, се тврди дека Шекеринска во анкетниот лист не го пријавила џипот иако со него имала сообраќајна несреќа. Ако џипот не е на нејзино име, таа не може да го пријави. За време на несреќата, таткото на Шекеринска управувал со него, што значи дека, можеби, џипот е негов. Тоа медиумот не се обидел да го провери, ниту да ги праша засегнатите страни, туку автоматски заклучува дека штом Шекеринска се вози во него, значи е нејзин.

На крајот текстот вели дека по објавите за нови вработувања не стивнувале бурните реакции од страна на јавноста, особено од симпатизерите на СДСМ.

Ова можеби е вистина, но можеби и не е. Доколку навистина имало какви  било бурни реакции од страна на симпатизерите на СДСМ, нив ги нема во текстот, како изјава, видеоснимка или што било, што би можело да го потврди напишаното. Тоа остава впечаток дека не е вистинито и дека е напишано само колку да направи раздор во партијата и на јавноста да ѝ прикаже дека нема единство.

Овој едностран, коментаторски и шпекулативен напис прекршува низа новинарски принципи и правила пропишани во Кодексот на новинарите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести