verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Необјективен коментаторски извештај претставен како вест

on 22 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-46-arogantnata-katica-janeva-bara-da-ne-%d1%9d_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_a
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, деновиве е во „барабан“ на провладините медиуми со критики и so напади. Секојдневно се девалвира нејзината личност, а тоа се прави преку написи кои се непрофесионални и во најголем дел коментаторски. Таков е и овој текст. Без аргументи се напаѓа Јанева, а притоа нема ниту збор за тоа дека постојат и спротивни ставови. Сето тоа се прави со извртување на фактите, кои потоа се коментираат.

 

janeva-sobranie-prasanjaЛинк до оригиналниот напис: Арогантната Катица Јанева бара да не ѝ се поставуваат многу прашања

Датум и време на објавување: 21.09.2016, 12:48

Датум на рецензирање: 22.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„Додека траеше репликата на Димовски, Катица Јанева покажа крајно непочитување кон пратениците и Собранието со што се дрзна без дозвола и даден збор од претседателот на комисијата да го вклучи микрофонот и да го прекине пратеникот Димовски додека тој говореше“.

Текстот се обидува да ја опише Јанева во најлошо светло, притоа користејќи нејзина изјава. Но, таа изјава ја нема изворно пренесено, ниту, пак, во видеоформа, туку е парафразирана со коментар во текстот. Од тоа што можеше да се види за оваа полемика на „Јутјуб“, се гледа дека таа реагира на критики на одредени пратеници. Точно е, таа упаѓа во збор, но вели дека предмет на расправа е извештајот и замолува да не се излегува од тој концепт.

Нападот на Јанева во овој текст е без основа и тоа се виде од подоцнежните извештаи за текот на седницата. Тоа што нема дадено и нејзин коментар или изјава, не е ништо ново и веќе стана навика во одредени медиуми.

„Очигледно е дека Катица Јанева како што виде целата македонска јавност со последното интервју за МТВ, сака да одговара само на предвреме напишани прашања и одговори“.

Во текстот кој завршува со погоре цитираните зборови, нема ништо за поширокиот контекст околу случувањата со интервјуто на Јанева на МТВ, вклучувајќи го и скандалот со неговата кражба од јавниот сервис.

Целиот текст е коментар и напад врз специјалната обвинителка. Тоа не пречело написот да биде на насловна страница и во рубрика „Македонија“. Текстот е несодржаен, необјективен, невистинит. Затоа и го нема видеозаписот за да се види што точно се случило. Сè на сè, ова е текст што не требало воопшто да постои, затоа што е еден голем минус за новинарството бидејќи, пред сè, го прекршува основното правило за вистинито и објективно информрирање, а потоа и еден куп други, како што е немешање на факти со коментари и со лични мислења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести