verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Малициозна објава

on 22 - 09 - 2016       

kurir

[Рецензија: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд]

 

Малициозност – тоа е главната карактеристика на конкретниот текст, секако, надградена и проширена со сериозно ниво на спин, но и со перфидно дозирана дискриминација поради сексуална ориентација.

 111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд

 Датум и време на објавување: 17.09.2016, 22:46

 Датум на рецензирање: 20.09.2106

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 КОМУ МУ ПРЕЧИ ТУПАНИЦАТА?

 Крената тупаница е симбол што се користи одамна. Во некои текстови потеклото се поврзува со Шпанската граѓанска војна, во која овој знак го користеле комунистичките борци кои на тој начин сакaле да покажат единство и сплотеност, но и пркос наспроти фашистичкиот поздрав со отворена дланка на Франковите легионери. Подоцна симболот на крената тупаница го преземаат низа револуционерни движења, а дури е и знак на Движењето за човекови права што во 60-тите години на минатиот век ги разниша САД од корен.

Но, не треба да се враќаме толку далеку во минатото зашто „тупаницата“ на српски „Отпор“ го одбележа почетокот на крајот, но и самиот пад на Слободан Милошевиќ на почетокот на новиот милениум.

Оттука, јасно е дека „тупаницата“ не може директно да се покаже како нечија сопственост, како што тоа се прави во овој текст, во кој таа се асоцира со најголемата опозициска партија, која пред неколку години „розата“ ја замени со „тупаница“, зашто станува збор за глобален симбол со широко општествено значење на пркос, отпор, сплотеност, борба за права итн…  Значи, СДСМ користи знак кој не е ништо ново ниту во светот, ниту во опкружувањето.

Но, туку е „закачката“ во материјалот зашто се создава привид на директна релација меѓу „тупаницата“ на СДСМ и на „тупаницата“ што се користела при „Парадата на гордоста“ во Белград. Впрочем, на тоа упатува насловната конструкција:

„ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд“

 

ТЕНДЕНЦИОЗНО РАВЕНСТВО

Споменавме дека „Отпор“ во Србија користеше таков симбол долги години пред домашните социјалдемократи да решат да го инкорпорираат во партиското обележје. Споменавме дека во 60-тите години од минатиот век, тупаницата претставувала борба за човекови права. Затоа, прашањето е како тоа токму онаа „тупаница на СДСМ“ е главен симбол на Парада на гордоста?! Па, Србите го користеле знакот пред тој партиски да се актуелизира во земјава. Значи, шпекулација, нагаѓање или тенденциозност? Без сомнеж е третото.

Всушност, тоа е и поентата – да се пренесе пораката дека „симболот на СДСМ“ е симбол на ЛГБТ-заедницата во Србија. Видовме, според наведените примери, дека тоа не е така, но прашањето е: и да е така, каква тежина би имала таквата „информација“? Што се сакало да се каже? Впечаток е, како на некој начин да се изедначуваат СДСМ и припадниците на ЛГБТ-движењето. Во нормална демократија, не би имало ништо спорно ако одредена политичка партија работи на подобрување на правата на т.н. маргинализирани заедници, но не и во Македонија каде оваа тема сè уште се води како табу, особено имајќи го предвид дискурсот на владејачката партија и нејзините т.н. приниципи и вредности. Значи, целата работа мириса на политичко-партиска игра.

Оттука, сметката е јасна, само не е прецизиран меанџијата што ја напишал, зашто, очекувано, текстот е анонимен, ама според (не)применетите стандарди, малку е веројатно дека е осмислуван во професионална редакција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не директно

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести