Рецензии

За квалитетна вест, важна е прецизноста

на 13. 02. 2017 | |
 

[Рецензија:  Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев]

  За да биде добро напишана, една новинарска вест треба да биде куса, прецизна, разбирлива и да ги содржи сите елементи што ќе ја пренесат целосната информација. Предмет на оваа рецензија е една куса вест, од само две реченици, за тоа со кого сè ќе се сретне еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, за време на посетата на Скопје, во екот на постизборните преговори за формирање влада. Одговорот е даден и во насловот: „ Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев“, со што се сугерира дека, освен со Димитриев, Хан ќе се сретне и со некој друг, во случајов тоа се парламентарните партии. Сепак, начинот на кој е срочена

Вест темелена на шпекулации и со непрецизни извори

на 13. 02. 2017 | |

[Рецензија: Албански медиуми: Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ]

  Написот пренесува шпекулативни информации, наводно, од други медиум кои не се јасно наведени, а информациите воопшто не се потврдени. Вака поставените (дез)информации наликуваат на спинувана приказна која треба да фрли поинакво светло на ситуацијата во ДУИ. Линк до оригиналниот напис: Албански медиуми: Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ Датум и време на објавување: 07.02. 2017 Датум на рецензирање: 10.02.2017 Рецензент: Димитар Тануров  

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот се повикува на некои албански медиуми, но не се открива кои се тие медиуми кои, наводно, ја соопштуваат информацијата. „Според неофицијални иформации кои ги пренесуваат албанските медиуми во ДУИ и натаму е тензично откако партијата вчера преку своите потпретседатели оствари средба

Манипулација со анкетниот лист на Теута Арифи

на 13. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила]

  Текстот што е предмет на оваа анализа прави целосна манипулација со факти. Уште со самиот наслов написот тврди дека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, од позиција на градоначалник успеала да купи пет стана и два автомобили, што е невистина. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила Датум и време на објавување: 03.02. 2017 Датум на рецензирање: 09.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ИЗВРТУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

„Одметната градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успеала да купи пет стана со

Селективно и наменски скроена изјавата на Жбогар

на 13. 02. 2017 | |

[Рецензија: Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој ќе биде во неа]

  „Секогаш ќе има парцијални гледишта и секогаш има приказна зад приказната која сè уште не излегла на виделина. Која било форма на новинарство со која се занимавате треба да биде против пристрасни аспекти и делумно знаење“. (Маргарет Атвуд, канадска писателка) Во овој напис ни се нуди токму спротивното – селективност во пренесување на изјава на врвен европски дипломат акредитиран во земјава. Како да се оди преку трупа, да се претрча преку настапот на Самуел Жбогар и неговата значајна порака за тоа каква влада и треба на Македонија. Плус, дозволено е преслободно толкување на неговите зборови пишувајќи дека не е важно кој ќе

Хомофобија маскирана како новинарство

на 10. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас

Единствениот член Aлбанец од Тетово на здружението на хомосексуалците, провоцирал со еден статус во кој што вели: „Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“. Хомосексуалноста не е предвидена со законите на Македонија и се појавува како една вознемирувачка појава, но има организации и лица кои на разни начини ја промовираат хомосексуалноста. Еден од нив е  и Беким Асани, кој за да привлече меѓународни фондови, ја промовира хомосексуалноста на сите можни начини.  

[Рецензија: „Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“]

Рецензиите направени во рамки на овој проект

Место факти за флерт, флертување без факти

на 9. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците

По враќање на мандатот од страна на Никола Груевски, кој не успеа да формира нова влада со ДУИ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции, само и само за да ја формира идната влада, дознава „Тетовасот“. Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство. Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи. Не се знае дали овие функции може

Вест закопана во коментари

на 9. 02. 2017 | |

[Рецензија: Жерновски призна дека лаже, се демантираше себеси во стилот на Заев]

  „Жерновски се сретна со претставници на еколошките здруженија и најави набавка на мобилна мерна страница за загадениот воздух“. Ова би требало да е водечката информација во текстот доколку се составува во согласност со професионалните начела. Но, наместо тоа, имаме спин, напади и коментирање. Линк до оригиналниот напис: Жерновски призна дека лаже, се демантираше себеси во стилот на Заев Датум и време на објавување: 08.02.2017, 13:19 Датум на рецензирање: 08.02.2017 Рецензент: Александар Пешев   Политичката пристрасност на текстот се забележува во самиот наслов. Не е јасно по која основа градоначалникот на скопската општина Центар се споредува со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и како се утврдени „стиловите“ по

Реален приказ за дефицитарните технички кадри

на 9. 02. 2017 | |

[Рецензија: Фалат бравари, ѕидари, стругари… сè од техничките струки]

  Текстот што го рецензираме дава реален приказ на состојбата со дефицитарните кадри во македонската економија. Низ бројки, примери, изјави, релевантни извори овој материјал ги прикажува проблемите што компаниите постојано ги посочуваат, а тоа е дека образованиот систем продуцира неквалификувани кадри, дека не можат да се најдат работници, а дефицитарни се и техничките струки. Написот е сеопфатен, содржаен и ги нотира сите горливи проблеми кои се поврзани со невработеноста, образованието, нелојалната конкуренција што ја имаат домашните компании со странските. Линк до оригиналниот напис: Фалат бравари, ѕидари, стругари… сè од техничките струки Датум и време на објавување: 20.10.2016 Датум на рецензирање: 09.02.2017 Рецензент: Силвана Жежова    

МНОГУ БРОЈКИ И ИЗЈАВИ

Текстот

Лични навреди и квалификации подметнати како новинарство

на 9. 02. 2017 | | sq

 

[Рецензија: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес]

  Рецензираме гневен и исклучително непрофесионално срочен текст, полн со лични навреди и со негативни квалификации наменети за голема група личности од јавниот и од интелектуалниот живот на земјава. Поводот за пишување на овој текст е неодамнешното писмо за поддршка на Амбасадата на САД и на земјите на ЕУ во Република Македонија од група македонски интелектуалци, упатено до американскиот Конгрес и до Европската комисија. Линк до оригиналниот напис: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес Датум и време на објавување: 3.02.2017 Датум на рецензирање: 7.02.2017 Рецензент: Југослава Дуковска   Главна цел на написот не е да информира, туку да пренесе нечии ставови за некоја актуелна дневно-политичка тема.

Професионално и фактографски сработена жешка тема

на 9. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија]

Фактографски и сеопфатно, тоа е задачата која e исполнета со овој текст за американскиот конгресмен Дана Рорабакер. Ваквите написи секако треба да се поздравуваат, бидејќи укажуваат на тоа дека и многу жешки теми треба да се примаат мирно, што би се рекло во фудбалскиот жаргон, најнапред да се „стопираат“ и потоа да се обработат професионално, без да им се подлегне на емоциите. Линк до оригиналниот напис: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија Датум и време на објавување:  07.02.2017, 16:03 Датум на рецензирање: 08.02.017 Рецензент: Љубомир Костовски    

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ

„Како вознемирувачки ги оцени денеска македонското Министерство за надворешни работи изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер