verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со анкетниот лист на Теута Арифи

on 13 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила]

 

Текстот што е предмет на оваа анализа прави целосна манипулација со факти. Уште со самиот наслов написот тврди дека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, од позиција на градоначалник успеала да купи пет стана и два автомобили, што е невистина.

ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила

Датум и време на објавување: 03.02. 2017

Датум на рецензирање: 09.02.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ИЗВРТУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

„Одметната градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успеала да купи пет стана со вкупна површина од речизи 400 квадратни метри во Скопје и два автомобила со градоначланичката плата и со професорскиот хонорар од 500 евра, покажува анкетниот лист за имотната состојба на избранте и именуваните функционери поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, пишува Република“.

Ова е целосна манипулација на фактите. Да, точно е дека Теута Арифи во нејзиниот анкетен лист има пријавено пет стана и два автомобила. Но, не е точно дека тие се само нејзини и дека ги купила со градоначалничката плата.

Според податоците дадени во анкетниот лист, еден од петте станови на Арифи е во сопственост на нејзиниот сопруг, а можеби само еден од становите е купен за време на нејзиниот мандат како градоначалник на Тетово. Теута Арифи на градоначалничката функција стапи во мај 2013 година, откако победи на локалните избори (2013), а според анкетниот лист, становите се купени во 1997, 2005, 2006, 2012 и во 2013 година.

Подвижниот имот, односно автомобилите се заедничка сопственост на Арифи и на нејзиниот сопруг, а не нејзини лични. Освен тоа, едниот автомобил е купен во 2007 година – шест години пред да стане градоначалничка, а другиот во 2001 година – цели 12 години пред да дојде на чело на Општина Тетово.

 

ПРЕМОЛЧЕНИ ФАКТИ

Еден од фактите кои, веројатно, намерно се изоставени во текстот е дека освен имот, Теута Арифи има и долг, односно кредит од 50.000 евра, земен во 2013 година, со рок на отплаќање од 10 години.

Во вториот дел, написот отвора прашање и за имотната состојба на поранешниот новинар и сегашниот пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, за кој се тврди дека успеал да купи втор стан и џип со плата од 500 евра.

Легитимно е да се поставуваат прашања за имотната состојба на избраните пратеници, но и во случајот за Зекири, исто како и во случајот со Арифи, пратениците воопшто не се контактирани за да се слушне и нивната страна.

Требало да се прашаат и двата пратеника кои се „на тапет“, од каде потекнува нивниот имот и дали има вистина во шпекулациите изнесени во јавноста.

Исто така, не е јасно како е добиен податокот дека платата на Зекири е 500 евра, што значи дека овој факт можеби е и измислен.

Проблематично во текстот е што принтскриновите од анкетни листови на Арифи и на Зекири се премали и се со значително намален квалитет, при што е невозможно што било да се прочита. Доколку сликите беа со добар квалитет и читливи, јасно ќе беше дека Арифи не ги купила становите  како градоначалник ниту, пак, дека целиот имот е нејзин. Нема ниту линк од анкетниот лист на Арифи објавен на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупција.

Написот, исто така, тврди дека Арифи е „одметната“ градоначалничка на ДУИ и дека „Ахмети не успеал да ги скроти градоначалниците Ахмети, Меџити и Бејта“, кои биле „залегнатите функционери“  исплашени  да не ги изгубат  „удобните фотелји“.

Ова е целосна коментаторска констатација која има тенденциозна намера на јавноста да ѝ  престави раскол во ДУИ и притоа, на тој начин, да ја оправда неуспешноста на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ и да формира влада.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести